Водата во Охридското Езеро 23 сантиметри под просекот за февруари

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,16 метри надморска височина или 23 сантиметри под просекот за февруари, шест сантиметри над дозволениот минумум. Неповолните временски услови со малку врнежи дополнително придонесуваат за нискиот водостој. На почетокот на декември минатата година нивото на водата […]

КОИ ЗЕМЈИ НА БАЛКАНОТ ИМААТ НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Според податоците на Институтот за безбедност во сообраќајот, во Бугарија во 2024 година се случиле вкупно 7.159 сообраќајни несреќи, во кои загинале 479 лица, а 9.046 биле повредени. Со оглед на населението од околу 6,44 милиони жители, ова значи дека на еден милион жители загинале 74 лица во сообраќајни несреќи, пишува денеска БТА и се […]

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, највоздржани се најмладите и највозрасните

Поддршката на граѓаните за пристапување кон Европската Унија се задржува на ниво од 62 процента. Највоздржани се најмладите и највозрасните испитаници, кај кои е констатирана поголема неопределеност. Перцепцијата за влијанието на Соединетите Американски Држави бележи значителен пад кај нашите граѓани – за 20 проценти во споредба со лани – покажуваат наодите од Анализата на јавното […]

Конкурс за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола

Друштвото на филмските работници на Македонија објави конкурс за избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола. Новиот директор на фестивалот ќе го наследи досегашниот Симеон Дамески кој во два мандати од по две години го водеше фестивалот на кинематограферите од светот кои секоја есен во Битола се натпреваруваат за наградата златна […]

Горивата поскапуваат од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во […]

ГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА ОД ПРОИЗВОДНИОТ СЕКТОР ВО ЈУЖНА КОРЕЈА

Бројот на вработени во јужнокорејскиот производствен сектор во јануари падна на најниско ниво во последните 12 години поради послабиот економски раст. Бројот на вработени во тој сектор на крајот на јануари изнесуваше 4,39 милиони, што е за 56.000 помалку од претходната година, објави статистиката на Кореја, објави новинската агенција „Јонхап“. Тоа е најнискиот број на […]

„Сè тече, сè се менува, само каматата фиксна останува“
Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка ја претставува својата најнова кампања за потрошувачки и станбен кредит, која нуди фиксни каматни стапки и фиксни месечни рати, обезбедувајќи финансиска сигурност и стабилност за сите клиенти. Оваа понуда е одлична можност за полесно и поефикасно планирање на финансиските обврски и дава поголема контрола врз личните финансии. Клучните карактеристики на новите кредитни понуди […]

Донесена програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која се обезбедува директна финансиска поддршка и дополнителни мерки за најзагрозените категории граѓани. Програмата утврдува кои категории на граѓани спаѓаат во групата на ранливи потрошувачи и ги дефинира мерките за нивна заштита. […]

ТЕШКИ ВРЕМИЊА ЗА РАБОТА ЗА БРИТАНСКИТЕ ПАБОВИ

Во Велика Британија во 2024 година се затворени речиси 300 пабови, со што се изгубени околу 4.500 работни места, објавија од Британската асоцијација за пабови (BBPA). Од почетокот на 2020 година и почетокот на кризата со коронавирус, во Велика Британија се затворени повеќе од две илјади пабови. Минатата година најмногу пабови биле затворени во Лондон, […]

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е СЕРИОЗНО ЗАСЕГНАТА ОД ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Германската економија сериозно е загрозена од евентуланите царини на американскиот претседател Доналд Трамп. Германија како извозно ориентирана земја би се соочила со „значителни ризици за економскиот раст“, доколку се исполнат најавите за воведување на дополнителни американски царини, изјави Јоаким Нагел, претседателот на Бундес банка. Централната банка прогнозира дека германската економија во 2027 година може да […]