Пролетен бонус од 100 односно 50 евра за албанските пензионери

За албанските пензионери од први март почнува исплата на пролетен бонус, за што се предвидени 62 милиони евра. Врз основа на одлуката на Владата ќе бидат опфатени 730.430 пензионери, поделени во две категории. Оние кои примаат пензија помалку од 200 евра или 520.443 пензионери ќе добијат по 100 евра, додека бонус од по 50 евра […]
„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Визер“ ја укинува авиолинијата од Скопје до Будимпешта и од 9 март годинава повеќе нема да лета на оваа дестинација, а од неодамна не продава и билети за оваа рута. Од „Визер“ за МИА ја потврдија информацијата и изјавија дека континуирано ги следат перформансите на своите рути за да овозможат најпопуларните дестинации […]
СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ВО ФЕВРУАРИ ПОСКАПА ЗА 521 ДЕНАР

Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79 148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за […]
Транспортот и поврзаноста се од суштинско значење за економскиот развој и за регионалната интеграција – клучни пораки од Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори

На Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК), што се одржа на 31 јануари 2025 година во Скопје, домаќин беше Стопанската комора на Северна Македонија со која претседаваше во текот на 2024 година. Главен фокус на настанот беа транспортот и инфраструктурното поврзување како клучни фактори за олеснување на трговијата, економски развој и подобра регионална […]
Нови 2.726 случаи на заболени од грип

Регистрирани за 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица. Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат […]
ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ПРЕТРПИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, ќе настане реорганизација и наместо Агенција за квалитет во високото образование ќе има Одбор за акредитација и евалуација, кој ќе биде со сосема поинакви правила и принципи, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. – Тоа сигурно ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието. […]
Ревизорски извештај: Без комплетна документација се одобрувале мерките за вработување

Ревизорите утврдиле слабостите во спроведувањето на мерките за вработување во 2023 година и нерамномерна распределба на средствата во планските региони. Утврдени се и пропусти во активностите за обука на напредни ИТ вештини што е една од целите на Агенцијата за вработување. Во ревизорскиот извештај наведено е дека за исплата на средства за паричен надоместок во […]
ЉУТКОВ: НАШИОТ ЈАЗИК Е МАКЕДОНСКИ, МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК Е ТЕМЕЛ НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ

Мајчиниот јазик е повеќе од средство за комуникација, тој е темел на нашиот идентитет, чувар на културното наследство и мост кон идните поколенија, истакна министерот за култура Зоран Љутков на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. – Нашата […]
ЕЦБ со највисока загуба во својата историја

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти за својата втора последователна година на загуба, со дефицит од околу 7,9 милијарди евра (8,2 милијарди долари) во 2024 година. Ова ја означува најголемата загуба во повеќе од 25-годишната историја на ЕЦБ. Банката може да претрпи одредени загуби во наредните години, но тие треба да бидат помали отколку во […]
АМЕРИКАНЦИТЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ НА ПРОИЗВОДИ ПОРАДИ НАЈАВИТЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ УВОЗНИ ЦАРИНИ

Економската несигурност поради очекуваниот раст на цените од воведување на нови царини ги предизвика дел од американските граѓани да создаваат домашни залихи од одредени производи, покажува извештајот на американската компанија за кредитни картички за потрошувачката во февруари годинава. Секој петти Американец го зголемил износот за купување во февруари . Околу 22 отсто од испитаниците изјавиле […]