МАКЕДОНЦИТЕ ПОВЕЌЕ ПАТУВАЛЕ НА МЕЃУНАРОДНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 989 илјади во четвртото тримесечје од 2024 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 0,3 %, во приградскиот […]

РАСТЕ БРОЈОТ НА СЛУЧАИ И КОЛИЧИНАТА НА ПОВЛЕЧЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ПРОДАЖНАТА МРЕЖА

Бројот на повлечени производи од продажба во секој квартал од минатата година бил поголем за 3.000, покажале податоците на една европска агенција за истражување на пазарот. Со над седум илјади повлекувања на производи во првата половина на 2024, минатата година може да биде рекордна во повлекување на неквалитетни производи во Европа. Организациите на потрошувачите апелираат […]

По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари. – Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. […]

Под истрага на СПАК се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени

Според Албанското специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), само во текот на 2024 година, почната е истрага против 629 лица. Меѓу нив се поранешни министри, градоначалници, бизнисмени. Од нив, 236 лица или 37,5 отсто биле истражувани со изречена безбедносна мерка „затворски притвор“, на слобода се истражени 246 лица или 39,1 отсто, додека со […]

Предупредување за опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат. АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не […]

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан. Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно […]

Македонската „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот – „посветеноста доби признание“

Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за својата страст и посветеност во работењето – избрана е во „топ 100“ кафетерии од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кофи фестивал. „Ова е огромно признание […]

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на „Ај-би-ем“ (IBM). Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот. Балканот […]

Германија инвестира 920 милиони евра во фабрика за чипови

Европската комисија и одобри на Германија да ја субвенционира изградбата на нова фабрика за чипови во Дрезден со 920 милиони евра, која е во сопственост на компанијата Infineon. Новата производна единица ќе и обезбеди на Европската Унија флексибилни капацитети, а со тоа ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето, еластичноста и технолошката автономија на Европа во […]

Македонија 2025 прогнозира: македонската економија ќе забележи раст на бруто-домашниот производ во кв. 4 од 2024 г. меѓу 1,5 % и 3,5 %

Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци, предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1,5 % и 3,5 % во четвртиот квартал од 2024 година, движен пред сè од растот кај градежниот сектор и услугите, при истовремен пад на индустриското производство. Инфлацијата забележува умерено забрзување при што монетарната цел за инфлација блиску до 2 % […]