Македонија 2025 прогнозира: македонската економија ќе забележи раст на бруто-домашниот производ во кв. 4 од 2024 г. меѓу 1,5 % и 3,5 %

Според последните високофреквентни индикатори и досега расположливите податоци, предвидуваме раст на бруто-домашниот производ меѓу 1,5 % и 3,5 % во четвртиот квартал од 2024 година, движен пред сè од растот кај градежниот сектор и услугите, при истовремен пад на индустриското производство. Инфлацијата забележува умерено забрзување при што монетарната цел за инфлација блиску до 2 % […]
СРПСКИТЕ ТУРИСТИ ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ СО ТРАНЗИТЕН ТУРИЗАМ, македонската понуда на Меѓународниот саем за туризам во Белград

Македонската туристичка понуда и оваа година има свое место на 46-тиот Меѓународен саем за туризам што се одржува во Белград. Како што соопштуват од Агенцијата за промоција и поддршка н туризмот, македонските туристички потенцијали се промовираат на репрезентативен штанд, на кој учество земаа општините Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга. „Во однос на транзитниот туризам со […]
Двојно e зголемен криминалитетот од малолетни лица во Кочани

Вкупно 51 кривично дело извршиле малолетни лица во Кочани во текот на 2024 година, што претставува зголемување од 104 отсто, односно двојно повеќе во споредба со претходниот едногодишен период. Податоците од Одделението за внатрешни работи во Кочани укажуваат дека околу 82 отсто од кривичните дела што ги извршиле деца и постари малолетници се тешки кражби […]
Просечната нето-плата во декември 43.587 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9,0 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13,2 […]
ИСОС: Преку притисок врз институциите неформална група сака да продолжи да работи во сива зона, наспроти 6300 сметководители кои работат според Законот

Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) денеска оствари средба со пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои во Собранието доставија предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи по скратена постапка, а по барање на неформална група. На средбата со пратениците, членовите на управниот одбор на ИСОС, како […]
Странски нелиценцирани водичи работаат само за викенд, посочуваат од Здружението на туристички водичи на Македонија

Здружението на туристички водичи на Македонија, Заводот и музеј од Охрид и Капетанијата на пристаништа денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се олесни пристапот на организирани туристички групи до најпосетените културно-историски локалитети во Охридскиот регион. По повод Меѓународниот ден на туристичките водичи беше организирана бесплатна тура при која со брод беа посетени најзначајните […]
Избрани најуспешните ученици за творби на мајчин јазик

Ученици од шесто до деветто одделение кои имале најдобри прозни или поетски творби на мајчин јазик, на повикот на Министерството за односи меѓу заедниците (МОЗ), денеска во неговите простории добија пригодни награди на настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Настанот беше организиран во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на […]
ЕВРОПА „СТАРЕЕ“, НАЈМНОГУ ОСТАРЕЛО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ДВЕ МЕДИТЕРАНСКИ ЗЕМЈИ

Демографските промени укажуваат на растечки тренд на стареење на населението во Европската Унија, просечната возраст е зголемена за повеќе од две години од 2014 година. Грција и Италија се меѓу најбрзо старечките општества, покажува истражувањето на Евростат. Просечната возраст на населението во Европската Унија достигна 44,7 години на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека […]
ОНЛАЈН ТРГОВИЈА ВО ЕУ: БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ КУПУВАЛЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Граѓаните на Европската Унија се повеќе купуваат преку интернет, покажува најновото истражување објавено од Евростат. Минатата година, 77 отсто од корисниците на интернет пријавиле дека купиле или нарачале стоки или услуги во претходните 12 месеци. Тоа е зголемување за 17 процентни поени во споредба со 2014 година. Најголем процент на корисници на интернет кои купувале […]
Дел од општина Карпош утре без вода

Поради промена на затворач со пречник од 50 милиметри на улицата „Радика“ број 1, утре од 8:00 часот вода без вода ќе останат корисниците од оваа улица во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација […]