ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ „СЛАБЕЕ“ ТРЕТА НЕДЕЛА ПО РЕД

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела трет пат по ред, a американската валута најмногу падна во однос на јапонскиот јен. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, минатата недела се намали за 0,15 отсто, на 106,65 поени. Курсот на еврото […]

ИФО: ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА НЕ ДОЗВОЛУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА!

Германија не треба законски да ја зголеми минималната саатница на 15 евра, изјави Клеменс Фуст, претседател на Институтот за економски истражувања ИФО. – Сегашната економска состојба не дозволува зголемување на минималната плата на 15 евра. Нашето производство веќе две години е во пад. Просечните плати сè уште растат, но не ни приближно до степенот на […]

БУЏЕТОТ НА ЦРНА ГОРА ГУБИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ПОРАДИ НЕЛЕГАЛНОТО ИЗДАВАЊЕ НА СТАНОВИ

Според проценките на економските аналитичари, црногорската економија губи меѓу 20 и 30 милиони евра годишно поради нелегално изнајмување станови. Повеќето издавачи се уште се во сива зона, а даноците е невозможно да се соберат бидејќи законот не дозволува даночните инспектори да тропаат на вратите на приватните станови. Затоа, Здружението на станари ги повикува надлежните итно […]

Филмот како пропаганда: ЧИРАКОТ

„Лaжен и филм без класа напишан за мене, наречен ’Чиракот‘ (Дали тие воопшто имаат право да го користат тоа име без одобрение?), се надеваме дека ќе доживее фијаско. Тоа е евтина, клеветничка и политички одвратна работа, спроведена непосредно пред претседателските избори во 2024 година, обид да му се наштети на најголемото политичко движење во историјата […]

Во Крива Паланка свечена академија – 80 години Црвен Крст на Република Северна Македонија

Со свечена академија под покровителство на градоначалникот на Општина Крива Паланка, синоќа во Националната установа Центар за култура беше одбележан јубилејот 80 години македонски Црвен крст. Со свеченостите под мотото „80 години гледаме луѓе” Црвениот крст на Република Северна Македонија периодов одбележува осум децении хумана мисија во државата, со посебен акцент на соработката со локалните […]

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

Одлуката на Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преоблекувањето на гасната политика во Централна Европа, кое започна со инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година, се наведува во анализата на француската Фондација „Роберт Шуман“ насловена „Помеѓу Балтикот и Балканот, новата гасна геополитика“. – Русија […]

Oд Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

Со пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14 идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час. – На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме […]

Реализиран Планинарски ,,Февруарски поход 2025″ на Кожуф планина

Планинарски ,,Февруарски поход 2025″ беше реализиран денеска на Кожуф планина, во организација на планинарскиот спортски клуб ,,Орле” од Кавадарци, што постои седумдесетина години. На традиционалниот планинарски марш учествуваа околу 120 планинарки и планинари од сите возрасти, од земјава и странство. – Патеката што водеше од месноста Мушов гроб до село Мрежичко, преку кањонот на Мрежичка […]

Без вода утре дел од Центар, без струја дел од општините Бутел и Карпош

Дел од општина Центар во текот на утрешниот ден ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Васил Стефановски“ бр 2, утре без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, […]

Рекордно висока излезност на германските избори

Излезноста на парламентарните избори во Германија, одржани денеска, достигна 83 отсто, што претставува највисок одѕив од обединувањето на земјата во 1990 година, објави јавниот радиодифузер ЗДФ. За споредба, на претходните национални избори во 2021 година, излезноста изнесуваше 76,4 проценти. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја искористи можноста за време на неговото гласање да им се заблагодари […]