КИНА СО АМБИЦИОЗНA ЦЕЛ ЗА РАСТ И ПОКРАЈ ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Кина објави амбициозна цел за раст на БДП од „околу 5 проценти“ за 2025 година и покрај забавувањето на домашната економија и зголемените трговски тензии со САД. Бројката, која одговара на целите на Пекинг за претходните две години, беше објавена во годишниот „работен извештај“ на владата, што претставува преглед на нејзините достигнувања во изминатата година […]

Во текот на денот температурите до 19 степени

Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а максимален еден степен е измерен во Виница. Како што информира УХМР, -5 степени е во Битола, -4 во Маврови Анови, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -2 во Претор, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Попова Шапка, како и 0 […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска, утре и во петок

Денеска, утре и во петок на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 5-ти до 7 март (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република […]

Нови можности за економска соработка со Франција: Деловниот клуб при СКСМ со ново раководство и план за 2025

Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји при Стопанската комора на Северна Македонија денеска избра ново раководство и ја усвои програмата за работа за 2025 година. За претседател на Клубот едногласно беше изгласан Гоце Марков од „Тиквеш“, а членовите се согласија на активности насочени кон јакнење на деловните врски со француските партнери. На […]

Запленети 18 килограми сребро, како и 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми од 100 ml со вкупна вредност од 1,18 милиони денари. Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд. Сребрениот накит и парфемите се откриени при контрола на […]

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали. Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина Domaine Lepovo Chardonnay […]

Преуреден свет

Светот е веќе преуреден или е во фаза на темелно преуредување. Остана ли уште некој кој се дрзнува да го оспори ова тврдење? Но, не, Доналд Трамп не е изворишната причина (causa prima) за ова глобално раскревање. Доналд Трамп е само резултат (секако важен резултат) на повеќе кумулативни историско-политички причини кои, вмрежувајќи се меѓусебно, создадоа […]

Општина Кисела Вода воведува финансиска поддршка за пензионерите

Општина Кисела Вода воведува за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери. Со оваа мерка, финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година. На секој од […]

Турција планира да гради ѕид на границата со Грција

Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер. – Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија. Тој додаде дека другите делови од ѕидот би […]

МЕМО започнува со издавање Гаранции за потекло на електрична енергија во април

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, одржа јавна расправа за правилата за администрирање на Гаранциите за потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs). Овој значаен чекор го поставува темелот за зголемена транспарентност и доверба на енергетскиот пазар во […]