ПРОФ. Д-Р ДАРКО ЛАЗАРОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „САМО СО ПОВРЗУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ И НАУКАТА ИМА МОЖНОСТ ЗА ПОЗИТИВНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА“

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“, во разговорот што го водеше претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со своите гости – проф. д-р Ирена Кикеркова, професор по надворешна економија и по меѓународна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје, и проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип […]

„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

„Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот […]

ГРАДЕЖНИШТВОТО ГО ЗГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИОТ БДП ЗА 2024 ГОДИНА

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 проценти во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 отсто, соопшти денеска портпаролката на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева. Главни фактори за растот на БДП, како што информираше Митева на денешната прес-конференција, се растот од 13,2 […]

Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците. – Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав – ќе се договорат работодавачите и работниците […]

Министерството за финансии да ги отвори вратите за студентите од Економскиот факултет, потпишан меморандум за соработка

Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески во просториите на факултетот. […]

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали, соопштија денеска од нејзиниот Кабинет. Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во Командата за операции, е поставен за командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата. Бригадниот генерал Бесник […]

Турската централна банка ја намалува основната каматна стапка

Турската централна банка денеска ја намали својата каматна стапка за дополнителни 2,5 процентни поени, неколку дена откако официјалните податоци покажаа забавување на инфлацијата на под 40 отсто на годишно ниво за првпат во две години. Ова е трето последователно намалување на каматните стапки. Во соопштението, Банката наведува дека, сепак, ќе ги разгледа трендовите на инфлацијата […]

УЈП СО ОБЈАСНУВАЊЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ НЕ ЗЕМАЛЕ ПЛАТА ВО ЈАНУАРИ

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска преку соопштение информира дека транспарентно и точно ги доставува податоците за пресметки за плата (МПИН) за јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година. Според нив, не е точно дека се уште над 80 000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година. – За јануари 2025 […]

Конкурс на Општина Центар за финансиска поддршка на проекти од културата за 2025 година

Општина Центар распиша Конкурс за финансиска поддршка на проекти од културата за 2025 година, со вкупен износ од 3.600.000 денари. Конкурсот е наменет за сите физички лица, здруженија, организации и правни субјекти кои се активни во областа на културата и уметноста, со седиште на територијата на Општина Центар. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите заинтересирани […]

РАСТ НА ПРОИЗВОДНИТЕ ЦЕНИ ВО ЕУ, НАЈВИСОК РАСТ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР

Цените на производителите во еврозоната и индустријата на Европската Унија пораснале за 0,8 отсто во јануари во споредба со декември, кога во еврозоната се зголемени за 0,5 отсто и во ЕУ за 0,4 отсто, објави Европскиот завод за статистика. Најголем раст повторно е забележан во енергетскиот сектор, каде цените скокнале за 1,7 отсто во еврозоната […]