Бензините поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за […]

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 94 795 НЕВРАБОТЕНИ

Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2. Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795 321 лице, од кои вработени се 700 526, а 94 […]

НЛБ Банка и Економскиот факултет-Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студентите и развој на младите таленти“

Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси. Преку […]

Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

Жените секојдневно прават херојски чекори. Тие балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот, се грижат за своите најблиски и не запираат да го следат својот пат, без разлика на предизвиците што им се наметнуваат. Токму затоа, во месецот во кој ги славиме духот, силата и независноста на жените, Халк Осигурување ја креираше кампањата „Сигурна во секој […]

„Литера“ го освои признанието за најдобар фестивал во 2024

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ ја доби престижната награда за најдобар фестивал во 2024 година, на годинешната манифестација „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Оваа награда е исклучително важно признание бидејќи ја отсликува напорната работа и посветеноста на тимот што го организира фестивалот, туку и афирмација на „Литера“ како мост помеѓу […]

Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација

Економијата повеќе не е во стагнација. Државниот завод за статистика објави податоци за неколку сегменти од економското дејствување во Македонија преку кои веќе почнуваат да се гледаат видливи резултати од нашата работа, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција. Таа посочи на податоците објавени од Државниот завод за статистика кои евидентираа […]

Инфлацијата во февруари зголемена за 5 отсто, а цените на мало за 4,2 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари годинава, изнесува 0,5 проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според […]

РАСТЕ ИЗВОЗОТ ЗА 5 ОТСТО, РАСТЕ УВОЗОТ ЗА 5,9 ОТСТО

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5,0 % во однос на истиот период од претходната година. Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 […]

Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ

Во 2023 година Бугарија е земја со највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), потоа Франција (1,66) и Унгарија (1,55), соопшти Евростат. Ова е рекордно ниво за земјата од 1990 година, покажуваат податоците објавени денеска од европската агенција за статистика. Најниски нивоа во 2023 година биле регистрирани во Малта (1,06 […]

ЗГОЛЕМЕН ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ ВО САД, ВРАБОТУВАЊА ПОД ОЧЕКУВАЊАТА, во првите месеци од вториот мандат на Доналд Трамп

Трговскиот дефицит на САД се зголеми за 34 отсто во јануари на 131,4 милијарди долари во однос на декември, што е највисоко ниво од 1992 година. Според аналитичарите, ова е резултат на големиот пораст на увозот во пресрет на построгите царински политики на претседателот Доналд Трамп, пренесува агенцијата „Мина“. Увозот во САД во јануари е […]