Овој 8 Март не сакаме ружи, Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“

По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира Марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторот повикува на женски марш и на солидарен женски бојкот за да се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. […]
„Исправи се за науката“, масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми

Во САД синоќа се одржаа масовни протести и маршеви на научници, академски истражувачи и нивни поддржувачи, вклучувајќи неодамна отпуштени федерални работници, а против кратењата на парите за истражувања и научни програми од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Пред споменикот на Линколн во Вашингтон се собраа илјадници да протестираат против „деструктивните“ политики на Трамп. […]
РУСИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ

Вредноста на златните резерви на Русија во февруари достигна рекордни 217,4 милијарди долари, а нејзиниот удел во резервите за прв пат овој век надмина една третина, покажуваат податоците на Централната банка. Руските инвестиции во злато се зголемија за 5,3 отсто во февруари, достигнувајќи рекордни 217,4 милијарди долари, соопшти Централната банка. Претходниот максимум беше во октомври […]
28-мо годишно глобално истражување за извршни директори на PwC

Резултатите од 28-то годишно глобално истражување за извршни директори покажуваат дека директорите во Северна Македонија (РСМ) и регионот започнале со инвестиции во генеративна вештачка интелигенција (ГенВИ), направиле одржливи инвестиции и почнале да преземаат акции за редефинирање на нивните бизнис модели за да генерираат нова вредност. Сепак, не сите извршни директори се движат со исто темпо. […]
Жените денес малку подоцна се реализираат како мајки, вели Ана Данева Маркова за МИА

Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо Возраста, загадувањето, стресот, начинот на живот, телесната тежина, физичката активност…, се меѓу ризичните фактори за неуспешна бременост. Во последните неколку години согледувам дека постои тренд на предвремено породување во сезоната кога е најголемо загадувањето. Тоа се веќе докажани податоци од други институти, наши факултети, […]
Во Албанија се шири птичјиот грип, уништени 68 илјади кокошки

Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти. Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца. Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за […]
УЈП со нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, ги информира Управата за јавни приходи (УЈП) даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност. – Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем […]
МОИТЕ ПРЕКРАСНИ ДЕЦА ДОМА И ВО СВЕТОТ

Во работната кариера како моден дизајнер и дизајнер на театарски, а од неодамна и на филмски костими, не очекував дека ќе работам и како редовен професор на УКИМ. Но, ете ме веќе преку тринаесет години на ТМФ/УКИМ – Скопје во редовна интеракција со нашите идни креативни сили. Впрочем, тоа е и мојот универзитет, како и […]
ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ ПРИХОД ОД МАРКИРАЊЕ НА ГОРИВАТА

Пред парламентот на Црна Гора ќе се најдат измените на Законот за енергетика со кои ќе се воведе нова одредба за маркирање на течните горива со потекло од нафта и биогорива, а кои ќе бидат наменети за снабдување на пловните одбјекти во меѓународен сообраќај. Ова е една од обврските во процесот за пристапување во Европската […]
ОД ШВАЈЦАРИЈА ДО АНГЛИЈА СО ДИРЕКТНА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА!

Швајцарската железница планира да воведе неколку нови железнички линии кои ќе ги поврузваат градовите во Европа, вклучителни и на директна линија до Лондон која би требало да биде оперативна во 2030 година. Меѓутоа, за реализирање на оваа линија потребни се одредени адаптации на швајцарските станици и желеничката мрежа, пишува „Сис инфо“. Најголем предизвик е како […]