СTO ДЕНА НА НОВАТА ЕВРОПСКА КОМИСИЈА – наклонетост кон бизнисот и без јасна политичка линија

Европската комисија на Урсула фон дер Лајен во првите сто дена од својот мандат, што се навршуваат утре, се насочи на два главни приоритети – конкурентноста и одбраната, со што остави впечаток дека повеќе е наклонета кон бизнис секторот, но и дека се уште не постави јасна линија на нејзината политика, сметаат аналитичари од Брисел. […]

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ СО ЦАРИНИ ОД 250 ОТСТО ЗА УВОЗОТ НА ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО ОД КАНАДА?

Само еден ден по продолжувањето на воведувањето царини од 25 отсто за сите канадски производи за еден месец, американскиот претседател Доналд Трамп повторно и се закани на Канада со царини за дрвената граѓа и млечни производи. – Канада со години не краде на граѓа и млечни производи, рече Трамп, потсетувајќи дека Канада има царина од […]

КАКО АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНА ГО НАДМИНА БЕЛГРАДСКИОТ И СТАНА НАЈГОЛЕМ АЕРОДРОМ ВО РЕГИОНОТ

Пред годините со Ковид-19, Тирана беше мал аеродром. Во 2005 година Тирана имала само 785.000 патници, во 2010 година 1,5 милиони, а во 2015 година помалку од два милиони. Во 2019 година аеродормот во Тирана сè уште беше зад оној во Загреб. Таа година Загреб имал 3.435.531 патник, а Тирана 3.338.147 патници, речиси 100.000 помалку. […]

Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница

Во Берово изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, […]

СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА

Кога го создаде Светот, Господарот на Вселената и на сите живи суштества во неа ги покани сите денови во седмицата на свечена вечера за подобро да се запознаат меѓу себе. Понеделникот пристигна прв. Облечен во работничко одело, сиот пожолтен, уморен и свенат, тој седна и ги стави своите валкани раце на белиот, украсен чаршаф со […]

„100 жени на Пелистер“ празнична планинарска акција

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола и планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“денеска одржаа празнична планинарска акција „100 жени на Пелистер“. – Планинарската акција почна од нашиот Инфо-центар и се одвиваше по историската патека на Бегова Чешма, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на ЈУНП „Пелистер“-Битола. – Сто жени учеснички на планинарската акција ја погледнаа историската патека од местото […]

Турција најави спроведување на контроверзниот закон за отстранување на кучињата скитници

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска вети дека целосно ќе го спроведе контроверзниот закон за отстранување милиони кучиња скитници од улиците, по смртта на двегодишно девојче. Законот, кој групите за заштита на животните го нарекоа „закон за масакр“, беше усвоен од Парламентот минатото лето, но општинските власти го применуваа само делумно, а во […]

ГОДИНАВА ЦЕНИТЕ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ АРАНМЖАНИ СЕ ПОВИСОКИ ДО 25 ОТСТО

Годинава летните цените на туристичките аранжмани се повисоки за 20 до 25 отсто во однос на претходната година. Ова посебно важи за туристичките дестинациите на кои се патува со авион, објаснува Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции. – Повисоките цени се поврзани со цената на горивото, а авионските билети се повисоки за […]

ИНДУСТРИЈАТА НА БАТЕРИИ ВЛЕГУВА ВО НОВА РАСТЕЧКА ФАЗА

Глобалниот пазар на батерии брзо напредува бидејќи побарувачката расте и цените продолжуваат да паѓаат, се наведува во новата анализа на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во 2024 година продажбата на електрични автомобили порасна за 25 проценти и достигна 17 милиони возила, додека годишната побарувачка на батерии надмина еден терават-час (TWh), што претставува „историска пресвртница“. Просечната […]

ЦРНОГОРЦИТЕ НЕ ЈА САКААТ СЕЗОНСКАТА РАБОТА ВО ТУРИЗМОТ

Црногорскиот туризам пред претстојната летна сезона се соочува со голем недостаток на работна сила. Само во општина Будва, која е центарот на црногорскиот туризам, недостигаат над 8.000 сезонски работници. Судејќи според моменталната ситуација, Црногорците се помалку се заинтересирани за сезонска работа во својата земја. – Локалното население генерално не ги работи наједноставните работи во својата […]