Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни

Европската комисија предложи промена на анексите IV и V од Директивата на ЕУ за живеалишта на животните, со кои волците од статус на „строго заштитени“ применуваат во „заштитени“ животински видови, согласно измените на Бернската конвенција на Советот на Европа, што стапија во сила во петокот. Со Предлог-измените, како што соопшти Еврокомисијата, на земјите членки на […]

Најкористените шест услуги од Катастар се веќе достапни електронски

Граѓаните можат електронски да аплицираат и да ги добијат шесте најкористени услуги на Агенцијата за катастар, меѓу кои и вадење имотен лист на веб порталот uslugi.gov.mk како резултат на соработката на Агенцијата со Министерството за дигитална трансформација, вели министерот за дигиотална трансформација Стефан Андоновски. – Најкористените шест услуги од Агенцијата за катастар со добра соработка […]

Кои се нови 49 судии низ државава?

Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски. За судии на Основен суд – Гевгелија беа избрани Ива Цоневска – Вангелова и Марта Спасовска. […]

ЕУ со критика: САД не е подготвен за договор околу царините

Европската комисија денеска изрази жалење поради недостигот на американска посветеност на постигнување договор со Европската Унија за избегнување на царински давачки, два дена пред нивното стапување во сила за европскиот челик и алуминиум. – Изгледа дека американската администрација не е посветена на постигнување договор, изјави европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, во Брисел. Тој потсети […]

Благ раст на БДП и вработеноста во еврозоната и ЕУ

Во четвртиот квартал од 2024 година, БДП во еврозоната порасна за 0,2 отсто и за 0,4 отсто во Европската Унија (ЕУ) во однос на претходниот квартал, објави Евростат. Во третиот квартал од 2024 година, БДП порасна за 0,4 отсто во двете зони. Во целата 2024 година, БДП се зголеми за 0,9 отсто во еврозоната и […]

КОЈ Е НАЈДОБАР АЕРОДРОМ ВО ЕВРОПА?

Римскиот аеродром „Леонардо да Винчи“, познат и како Фјумичино, денеска осми пат по ред е прогласен за најдобар во Европа во категоријата на аеродроми со над 40 милиони патници, а оваа награда ја заслужи за високиот квалитет на услугите што им ги нуди на патниците. Аеродромот Фјумичино, доби рекордна оценка од 4,61 на скала од […]

ВО ФЕВРУАРИ ХРВАТСКА ЈА НАМАЛИ НЕВРАБОТЕНОСТА ЗА 20 ИЛЈАДИ ЛИЦА

На крајот на февруари годинава во евиденцијата на Хрватската служба за вработување се евидентирани 96.313 невработени лица, што е за 17,3 отсто или за 20.121 лице помалку од февруари 2024 година. Во однос на јануари, бројот на невработени е намален за 1,1 отсто или за 1.028 лица. Според дневните податоци на Хрватската служба за вработување, […]

ВО ЦРНА ГОРА ПОЛОВИНА ОД СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕ ВО НЕДВИЖЕН ИМОТ

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора лани изнесува 889,80 милиони евра, што е зголемување за 3,18 отсто во однос на претходната година, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ). Нето-приливот на странски директни инвестиции изнесува 489,94 милиони евра што е за 12,99 отсто повеќе од 2023 година, пишува еКапија. […]

ГЕРМАНСКИОТ ИЗВОЗ НАМАЛЕН ВО ЈАНУАРИ И ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ, САД И КИНА

Вредноста на германскиот извоз во јануари се намали за 2,5 отсто месечно на 129,2 милијарди евра, според прелиминарните податоци, објави денеска германската Федерална статистичка служба (Дестатис). Вредноста на германскиот увоз се зголеми за 1,2 отсто месечно на 113,1 милијарди евра, па така трговскиот суфицит за јануари изнесува 16 милијарди евра. Германскиот извоз во земјите од […]

Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците

Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што […]