За градење квалитетни релации важни се емоционалната интелигенција и ефективната комуникација

Госпоѓо Протугер, јавноста во земјава главно ве помни по новинарскиот ангажман во минатото. Но, веќе неколку години не ве гледаме често тука. Каде сте лоцирани професионално во моментов? И. Протугер: Десетта година живеам во Виена каде што мојот професионален пат доби нов правец. Малкумина знаат дека сум психолог по образование, а во новинарството влегов по […]
МИНИМАЛНАТА РАБОТНА СААТНИНА СЕ ЗГОЛЕМУВА ВО ГЕРМАНИЈА ВО 2026 ГОДИНА

Вредноста на минималната работна саатнина во Германија ќе се зголеми од 12,83 евра на 15 евра во 2026 година, според одлуката на новата влада. Тоа е зголемување од 17 проценти, односно од минимална саатнина од 12,83 евра (2.205 евра бруто), на нова минимална саатнина од 15 евра (2.580 евра бруто). Нето приходот со стариот работен […]
ИНФЛАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ПОУПОРНА ЕВРОЗОНАТА Е ПОД ПРИТИСОК, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард

Економијата на еврозоната се соочува со исклучителни шокови поврзани со трговијата, одбраната и климатските промени, кои би можеле да ја влошат нестабилноста на инфлацијата и да го зголемат ризикот зголемувањето на цените да стане подолго, изјави во средата претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Овие фактори, според неа, ја оневозможуваат ЕЦБ однапред да […]
АЛБАНИЈА ЌЕ „ВЛОЖИ“ НАД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА КАМЕРИ НА ПАТИШТАТА

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, […]
КОЈ ПОВЕЌЕ ЌЕ (ИЗ)ГУБИ ОД ЦАРИНСКАТА ВОЈНА МЕЃУ САД И ЕУ, истражување на Институтот за светска економија во Киел

Повисоките царини и почнувањето на трговската војна повеќе ќе ги чинат САД отколку Европската Унија, е одговорот од истражувањето на Институтот за светска економија во Киел. Според пресметките на ИФВ новите царински стапки ќе го намали бруто домашниот производ на ЕУ за само 0,02 отсто. Имено, производите од челик и алуминиум сочинуваат само пет проценти […]
ЛУТА ПИПЕРКА 10 ДЕНАРИ ЗА ПАРЧЕ, КИЛОГРАМ ЗЕЛКА ЗА ЕДНО ЕВРО, ВИСОКИ ПРОЛЕТНИ ОТКУПНИ ЦЕНИ ВО СТРУМИЧКО

На стартот на бербата пролетната зелка во струмичко се откупува за рекордни 60 до 65 денари за килограм. Толку висока откупна цена на почетокот на откупот не паметат ниту трговците, ниту производителите. Според нив, тоа се должи на зголемената побарувачка, но и немањето доволни количини пролетна зелка во соседните земји. Според трговецот Блажо Витанов од […]
ВО ТУРЦИЈА ЗА ВИКЕНДОТ ТОПЛО И СО ПУСТИНСКА ПРАШИНА, ВО ПОНЕДЕЛНИК СО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Температурите во Турција за време на викендот ќе достигнат до 30 степени, а следната недела зимата ќе се врати во многу делови од земјата, пренесе турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Метеоролошката служба. Во меѓувреме, пустинската прашина од Сахара ќе покрие многу области во земјата. Пустинска прашина покри делови од метрополата Истанбул, а во текот […]
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИ НАУЧНИ ОЛИМПИЈАДИ

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата во учебната 2024/2025 година. На Јавниот повик може да се пријави ученик запишан во средно […]
Отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“

Во објектот Чифте амам е отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ која претставува селекција на педесеттина дела (слики и скулптури) на едни од најрано прибавените експонати за колекцијата, вклучително и вредни дела, од кои голем дел биле претставени и на првата постојана поставка од формирањето на Галеријата. – Овој […]
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ГОДИНАТА ЈА ПОЧНА СО НАМАЛEН БРОЈ НА РАБОТНИЦИ

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3,5 %, соопштиja од Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1,7 %, во секторот Преработувачка […]