Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство

Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Клековски синоќа информора […]

НЕМА ГАРАНЦИИ ДЕКА САД ЌЕ ЈА ИЗБЕГНЕ РЕЦЕСИЈАТА, изјави Американскиот министер за финансии Скот Бесент

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека „нема гаранции дека нема да дојде до рецесија во САД, но може да дојде до стабилизација на американската економија“. Во интервјуто за НБЦ Бесент изјави дека американската берза минатата недела беше затворена со значителен пад на вредноста на акциите поради големата незвесност предизвикана со честите промени на […]

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ПРЕМИНУВААТ НА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЈМНОГУ ВО ИНДУСТРИЈАТА

Речиси 20 отсто од германските индустриски компании користат скратено работно време, се вели во извештајот објавен од Минхенскиот институт за економски истражувања ИФО. Учеството на бизнисите кои користат скратено работно време остана приближно стабилен во февруари на 17,9 проценти, што е повеќе од 16,9 проценти во ноември. – Индустријата реагира на тековното економско забавување и […]

ВИСОК СКОК НА „БАЛКОНСКИТЕ“ СОЛАРНИ СИСТЕМИ ВО ЕВРОПА ПОРАДИ ЛЕСНАТА МОНТАЖА

Поставувањето на сончеви панели доживува брз развој во Европа и светот, надминувајќи ги традиционалните инсталации на покривот и големите соларни фарми. Панелите сега можат да се видат покрај патиштата, железничките линии, над пасиштата и овоштарниците, а најновиот тренд во обновливата енергија доаѓа во форма на соларни системи поврзани на мрежата. Сончевите системи со приклучок, познати […]

Рекордно високи температури викендот во Турција, од задутре снег и температури под нулата

Рекордно високи температури се измерени вчера во многу делови на Турција. Во вкупно 49 окрузи температурата изнесуваше над 25 степени Целзиусови, соопшти турската Метеоролошка агенција. Во исто време, температурите од денеска почнуваат да се намалуваат, а задутре се враќа зимата во земјата и се очекуваат снежни врнежи и температури под нулата во повеќе делови од […]

Амбасадорот Тупанчевски ќе ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се префрлени во Србија

Maкедонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски денеска ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани кои се префрлени во Ургентниот центар во Белград и во Воено-медицинската академија, јави МИА од Белград.Во Амбасадата во главниот град на Србија е отворена книга на жалост. Од вчера голем број граѓани палат свеќи пред македонската Амбасада. Во поширокиот дел […]

Бугарско Министерство за здравство: Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани е тешка, петмина се интубирани

Бугарија прими 14 повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, кои се хоспитализирани во три болници. Според информациите од здравствените установи, сите пациенти се во тешка состојба, со изгореници и вдишување на жешки гасови, јави БТА. Во Универзитетска мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина „Н.И. Пирогов“ во Софија примени се осум пациенти, […]

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица. – Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со […]

Утре студено, претпладне дожд и снег

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час. Претпладне, претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка, со висина од два […]

Општина Карпош субвенционира купување нови велосипеди и електрични тротинети

Започнувајќи од денеска, понеделник (17.03.2025 година), локалната самоуправа стартува со акцијата за субвенционирање за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, наменета за жителите на општина Карпош. Во таа насока, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, […]