За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд

Следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, за кратко време над 20 литри на метар квадратен, со појава на грмежи и силен ветер, над 70 километри на час. Како што информира […]

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ – СООДВЕТЕН ПАРТНЕР И ГЛАСНОГОВОРНИК НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ВО РЕГИОНОТ“

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“, гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески е генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан со седиште во Трст, д-р Татјана Штерјова- Душковска, која зборуваше за Коморскиот инвестициски форум како платформа за соработка на стопанските комори од регионот на Западен Балкан, во насока […]

Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги штити своите работници, бизниси и потрошувачи од америнските царини

Европската Унија ќе продолжи да бара решенија преку преговори, водејќи сметка за своите економски интереси, порача претседателката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава по повод најавата на Вашингтон за воведување царини за увозот на возила во САД. – Како голема трговска сила и силна заедница од 27 земји членки, […]

Скриените димензии на квалитетните работни места: Дали вашата компанија нуди вистинска вредност за вработените?

Дали вие би ја избрале вашата компанија како работно место доколку денес баравте работа?Работното место е повеќе од канцелариски простор и плата. Компаниите често го гледаат работниот однос како трансакција – „нудиме добра плата и бонуси, очекуваме лојалност и резултати“. Но, ако беше толку едноставно, зошто некои компании имаат проблем со задржување на добрите вработени, […]

Иван Штрпка добитник на „Златен венец“, Матеуш Шимчик на наградата „Мостови на Струга“

Словачкиот поет Иван Штрпка е лауреат на наградата „Златен венец“, додека полскиот поет Матеуш Шимчик е лауреат на наградата „Мостови на Струга“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Иван Штрпка е словачки поет, роден во Хлоховец во Република Словачка. Две години работел како истражувач во областа на геодезијата. Завршил студии по шпански со […]

Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид

Со првиот лет на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид денеска свечено е означен стартот на нововоспоставената авионска линија. Летовите од Истанбул – Охрид ќе се реализираат четири пати седмично и тоа во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ […]

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети […]

КИНЕСКИОТ ДОЛГ Е НЕКОЛКУ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД БДП

Вкупниот кинески долг е за три пати поголем од бруто домашниот производ (БДП) и ќе продолжи да расте, предупреди Сјуан Чангенг, заменик гувернерот на Народната банка на Кина. Според него, Кина има простор за попуштање на монетарната политика за да може да ја поттикне економската активност во земјата. – Кина застанува зад ставот за спроведување […]

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ПЛАНИРААТ НОВИ ОТПУШТАЊА НА РАБОТНИЦИ

Германските компании планираат отпуштања, а ситуацијата на пазарот на труд останува тешка, посочува Институтот за економски истражувања ИФО во извештајот за март. Вредноста на индексот што ја мери подготвеноста на компаниите да отпуштаат и вработуваат благо се намали во март на 92,7 поени во однос на февруари годинава ( 93 поени). – Ситуацијата на пазарот […]

ЗА СИТЕ ЖИТЕЛИ НА РОТЕРДАМ ИМА БЕСПЛАТНО ЧЛЕНСТВО ВО БИБЛИОТЕКИТЕ

Од 1 мај сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се приклучат на градските библиотеки и ќе можат да позајмуваат шест книги годишно од една од 23 библиотеки, пренесуваат холандските медиуми. – На членовите им се даваат попусти или дури и бесплатен пристап до курсеви, настапи, предавања и други активности, се вели во соопштението […]