Големо намалување на бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2,3 %, во секторот Преработувачка […]

Француски премиер: Американските царини ќе бидат катастрофални и за САД

Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека царинските мерки што ги воведе Доналд Трамп претставуваат економска катастрофа за светот и ќе создадат сериозни потешкотии за Европа. – Ова не е само проблем за Европа – овие царини ќе бидат катастрофални и за самите САД и за американските граѓани, нагласи Бајру во изјава за медиумите, пренесуваат […]

За викендот студено време со врнежи од дожд и снег

Денеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР. Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од […]

Ивановски: Новите предизвици се можност за надградба со која би излегле посилни, поспремни за соочување со светската конкуренција

дипл. ел.инж. Велибор Ивановски, член на УО на Здружението на металната индустрија и електроиндустријата, управител на Раде Кончар − Контактори и релеи Раде Кончар – Контактори и релеи ДОО − Скопје како дел од АД Апаратна техника − Скопје е компанија од областа на електроиндустријата, која опстојува на овие простори повеќе од 77 години. Нејзината […]

Вељаноски: Во следниов период очекуваме зголемена побарувачка за услуги поврзани со зелена енергија, сајбер безбедност и автоматизација

Јован Вељаноски, член на УО на Здружението на металната индустрија и електроиндустријата, менаџер во АПАВЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ Апаве, како лидер во областа на управување со ризици, инспекција, тестирање и сертификација, е во срцето на индустриските промени. Во моментов, главниот фокус е на одржливоста, на дигитализацијата и на зголемената потреба за безбедност и квалитет. Овие трендови се […]

Василевски: Техничкото знаење мора да е поткрепа за развој на иновативните производи и за подобрување на квалитетот на производите

м-р Богдан Василевски, член на УО на Здружението на металната индустрија и електроиндустријата, технички директор, МАКИТЕЛ ДООЕЛ МАКИТЕЛ е компанија за производство на дистрибутивни, на енергетски и на специјални трансформатори, која 18 години работи на развој на нови производи и со помош на непрекинати обуки и надградби за развој на тимот станува лидер во делот […]

Втора регионална конференција на професионални сметководители:
Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата. Ова се дел од главните пораки упатени […]

„Силен мониторинг на увозот и извозот на енергетски и минерални ресурси – Меморандум меѓу Министерството за Енергетика и Царина“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Царинската управа потпишаа меморандум за соработка Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Царинската управа официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зајакнува координацијата и размената на податоци за постапките на извоз и увоз на минерални суровини, нафтени деривати, биомаса и други енергенси. Оваа соработка […]

Влада: Царините од САД нема да имаат голем импакт врз нашата економија

Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, соопштија поладнево од Владата во врска со објавата на американскиот претседател Доналд Трамп за […]

Мицкоски и Филипче на различни позиции за уставните измени и евроинтеграции, се договориле за формирање работни групи

Претседателот на СДСМ Венко Филипче како добар и конструктивен го оцени состанокот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека ова е позитивен сигнал дека тие ги слушаат барањата на граѓаните. Мицкоски и Филипче се договориле да бидат формирани работни групи за реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството. – Имавме […]