Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи

Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум, јави Ројтерс повикувајќи се на документ до кој добила пристап агенцијата, пренесува БТА. Според документот, дел од царините ќе стапат во сила на 16 […]

„КИНА ЌЕ СЕ БОРИ ДО КРАЈ“ ВО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Кина решително ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите права и интереси доколку САД ги засилат царинските мерки, соопштиja денеска од кинеското Министерство за трговија. Министерството соопшти дека контрамерките усвоени од Кина се целосно легитимни акции насочени кон заштита на нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и одржување на нормален меѓународен трговски поредок. […]

ОД ГЕРМАНИЈА ЗАМИНАЛЕ 27.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ, ПРИЧИНАТА Е…

Минатата година, околу 27.000 странски работници кои веќе имале договори за квалификувани работни места ја напуштиле Германија. Според наводите од Германската агенција за вработување, како главна причина за нивното заминување од земјата се смета дека нивните плати не се доволно високи. Оваа појава е позастапена во помалите места како Вајнгартен во Хамбург, но и во […]

ЛЕТНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЗАБАВА НЕ СЕ ПРИВЛЕЧНИ ЗА ГЕНЕРАЦИЈАТА Z

Мнозинството од помладите патници не сакаат да одат на забавни патувања со пријателите, туку се одлучуваат за сосема различни дестинации. Нивниот избор е патувања каде што ќе ги збогатат своите искуства, а ќе вклучат и некои помалку познати дестинации. Забавните одмори и хедонистичките патувања се помалку привлечни за генерацијата Z, но и за милениумците. Според […]

ТУРИСТИТЕ ОД КАНАДА, ДАНСКА И КИНА ЈА „ЗАОБИКОЛУВААТ“ АМЕРИКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА!

Промените во надворешната дипломатија и воведувањето на царините на увоз по реизборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави , почнуваат да влијаат и на желбата на туристите да ги посетат САД, пишува лондонски Индипендент. Компанијата Tourism Economics соопшти дека очекува бројот на луѓе кои доаѓаат во САД од странство да се намали […]

ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2025/2026 година. Во рамките на заедничката платформа на Групацијата HELLENiQ ENERGY, на која што компанијата и припаѓа, ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии со максимално времетраење од две години. Меѓународната стипендија […]

ПРЕНАТРУПАНИ ГРАДИНКИ И НЕДОВОЛЕН КАДАР, НА ЛИСТАТА ЗА ПРИЕМ ЧЕКААТ 4.851 ДЕТЕ, извештај на ДЗР

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои […]

КРИВА ПАЛАНКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ СКИ-ЦЕНТАР НА КАЛИН КАМЕН

Општина Крива Паланка официјално ја почна постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на мини ски-центар со ски-лифтови на туристичкиот локалитет Калин Камен на Осоговските Планини. Денеска градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со стручните служби од општината оствари средба со проектантите, при што беше посочено дека со оваа иницијатива се поставуваат […]

По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат […]

Скопје и Куманово пулсираат во олимписки ритам – Македонија подготвена за ЕМОФ Скопје 2025

Европскиот младински олимписки фестивал што ќе се одржи од 20 до 26 јули претставува најголемиот спортски настан што досега го организирала нашата држава, истакнаа пред медиумите, претставници на Европските младински комитети и Македонскиот олимписки комитет Во пресрет на најголемиот младински мултиспортски настан на Стариот континент, Скопје и Куманово се во финалната фаза на подготовките за […]