ТРАМП: ЛИДЕРИТЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ МОЛАТ ЗА ДОГОВОР, ОД ЦАРИНИТЕ ЗАРАБОТУВАМЕ 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ДНЕВНО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Америкнски Држави добиваат 2 милијарди долари дневно од царини. Трамп го изјави ова тврдење за време на настан во Белата куќа без да наведе детали. Американскиот претседател воведе низа царини за други земји откако ја презеде функцијата во јануари. Дневниот извештај на Министерството за финансии за депозитите и […]

ПРОСЕЧНАТА ГОДИШНА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА НАДМИНА НАД 50.000 ЕВРА

Просечната годишна плата во Германија ја надминала границата од 50.000 евра, но најбогатите или еден отсто од граѓаните заработуваат четири пати повеќе. Минатата година вработените со полно работно време во Германија заработиле просечна годишна бруто плата од 52.159 евра, информираат од Федералното биро за статистика. Просечната плата во Германија за вработените со полно работно време […]

ОРБАН ГИ ОБВИНИ СТРАНСКИТЕ ТРГОВСКИ КОМПАНИИ ЗА ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА!

Инфлацијата повторно порасна во Унгарија, достигнувајќи 5,7 отсто во февруари, што е највисока од 27-те членки на Европската Унија. Потрошувачките цени низ ЕУ се зголемија во просек за 2,7 отсто. Со цел да ги смири Унгарците поради зголемената инфлација, премиерот Виктор Орбан воведе контрола на цените на основните прехранбени производи во супермаркетите. Со ограничување на […]

МФ: Во стоковните резерви ќе се складираат 1300 тони ориз

Во стоковните резерви ќе се складираат 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари. Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии. Оризот […]

„Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам“, е мотото на угостителите кои се против зголемување на ДДВ

Во Софија и во другите градови низ земјата денеска ќе се одржат протести на вработените во угостителството, со барање да остане на сила стапката на ДДВ од девет проценти за туристичкиот сектор. Во Софија протестот ќе се одржи под слоганот „Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам, не ни ги гаснете светлата засекогаш“, а рестораните ќе […]

ТРГОВСКИОТ КОНФЛИКТ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД НОВА РЕЦЕСИЈА, предупредува германскиот министер за финансии

Германскиот министер за финансии Јорг Кукис денеска предупреди дека Германија се соочува со ризик од нова рецесија поради трговските тензии што ескалираа по воведувањето на американските царини. – Евентуален трговски конфликт го зголемува ризикот од рецесија, нема сомнеж за тоа, изјави Кукис за радио станицата Deutschlandfunk. Германија веќе две години е во рецесија, а трето […]

ПРИСТАНИШТАТА ВО САД И ГЕРМАНИЈА „ПРЕПОЛНИ“ СО АВТОМОБИЛИ

Производителите на автомобили држат илјадници возила на американските пристаништа и привремено ги запираат испораките, бидејќи се обидуваат да ги ублажат ефектите од ескалацијата на трговската војна која ја започна претседателот на САД Доналд Трамп. – Последните денови некои производители почнаа да го одложуваат влегувањето на нивните производи во САД, изјавија тројца директори во логистичкиот и […]

МИНАТИОТ МЕСЕЦ Е НАЈТОПЛИОТ МАРТ ВО ЕВРОПА

Европа го доживеа најтоплиот март досега, бидејќи климатските промени продолжуваат да ги зголемуваат температурите, објавија денеска научниците од службата за климатски промени Коперник на Европската Унија. – Минатиот месец беше вториот најтопол март во историјата на планетата, бидејќи беше надминат дури до март 2024 година, пренесува Ројтерс. Минатата година беше најтопла на планетата во историјата […]

Samsung Electronics ја унапредува домашната забава со HDR10+ за Netflix серии и филмови

HDR10+ нуди поимерсивно искуство при гледање со живописни бои и подобрен контраст на паметните телевизори и монитори на Samsung Samsung Electronics објави дека нивните паметни телевизори и монитори сега ќе поддржуваат Netflix серии и филмови во HDR10+[1]. Со HDR10+, гледачите ќе можат да уживаат во побогат контраст, подлабоки бои и неверојатна визуелна длабочина, со што […]

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

“Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донираше 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Оваа значајна донација ќе придонесе за подобрување на просториите во кои се згрижуваат најмладите пациенти, со цел да се обезбеди поудобна и пријатна средина за нив и нивните семејства. Реновирањето опфаќа унапредување на […]