ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕВРОПСКИ ЦАРИНИ ОД 22 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА АМЕРИКАНСКИОТ УВОЗ

Мерките, чие воведување вчера го одобрија земјите членки на ЕУ како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто, ќе ја чинат економијата на САД дополнителни трошоци од околу 22 милијарди евра. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие мерки предвидуваат воведување царини во […]

Спречен шверц на облека и обувки

Во реонот на државната граница кај скопското село Танушевци, од косовска и македонска страна на границата, вчера Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока. Како што соопштија денеска од МВР, […]

ВО БЕЛГРАД СЕ ОДРЖУВА НАЈГОЛЕМ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ ЛИЦА

Во Белград, на 16 и 17 април, ќе биде домаќин на 11-тиот „Белградски саем за млади“, еден од најголемите кариерни настани за млади луѓе во регионот, каде што лицата до 30 години ќе можат да аплицираат за работа или пракса кај работодавачи, објавија денес организаторите. Младите луѓе исто така ќе имаат можност оваа година да […]

ГОЛДМАН САКС ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА КИНА

Инвестициската банка Голдман Сакс ја повлече својата најнова прогноза во која се вели дека има 65 проценти шанси Америка да влезе во рецесија оваа година. Банката сега се врати на претходната проценка и предвидува ризик од рецесија од 45 проценти. Голдман Сакс ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на Кина на четири проценти во […]

Постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. ОЈО Скопје соопшти дека за четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена […]