Следува период на променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо […]
Економија и бизнис | 15 април 2025г.
Во бројот од 15 април 2025 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.
КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ „КУПУВАЊЕТО“ НА ГРЕНЛАНД ОД СТРАНА НА САД?

Евентуалното купување на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителна годишна исплата на сумата од над 600 милиони долари, објави неделникот Њузвик, врз основа на сопствени пресметки. Вкупната понуда на американската влада може да надмине 2,2 милијарди долари. Трамп не е првиот американски претседател , кој […]
Можност за промена на снабдувач без административни или финансиски пречки, прифатен Предлогот на новиот Закон за енергетика во прво читање

Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика во прво читање, со што започнува важен процес на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. Пред Комисијата, законското решение го образложи заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, истакнувајќи дека неговото донесување претставува суштински чекор во модернизацијата, либерализацијата и зголемувањето на […]
„Исар“ Штип со загуба на вода од 60 отсто, соопштија државните ревизори

Јавното претпријатие за комунално – производни и услужни работи „Исар“ Штип се соочува со 60 отсто загуба на произведената вода, недостиг од дозвола за депонирање и третман на отпадот, како и доцнење во плаќањето на 25,2 милиони денари по спогодба со Министерството за финансии, со што претпријатието е пред значајни предизвици кои може да имаат […]
Подобрување на здравствената заштита во областа на нефрологијата, Втора Ренална експертска академија

На ниво на држава, од 1.031 испитаник од Скопје и Југоисточниот регион, кај 28,5 проценти беше детектирана хронична бубрежна болест (ХББ). Информацијата денеска ја сподели Надица Мисовска, медицински директор на „Диаверум“, специјалист интернист, супспецијалист нефролог, за време на Втората Ренална експертска академија што се одржува во Скопје. – Од минатогодишниот скрининг, што беше изведен во […]
Ценовниците на маркетите од петок ќе се објавуваат на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи што стапуваат во сила на 18. месецов (петок) откако по нивното усвојување во Собранието и објавата во Службен весник на 4. минатиот месец […]
За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

НЛБ Банка воведува две нови функционалности преку својата мКлик мобилна апликација, правејќи ја мКлик апликацијата вистинска „банка на дланка” и овозможувајќи продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни до клиентите и преку дигиталните канали на Банката. Веќе од денес, корисниците на мобилното банкарство на НЛБ Банка можат да аплицираат за […]
Финансиски едуцирано население носи економски развој

Министерството за финансии има активна улога во подигнување на свеста за значењето на финансиската писменост. Заедно со Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност, подготвија Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025 година со цел зајакнување на вештините на населението […]
Mногу е мал отпорот на корупција, таа е прифатлива за голем дел од граѓаните, трибина на МЦМС

Корупцијата е распространета и прифатлива за поголемиот дел од граѓаните и борбата во таква ситуација е потешка, изјави денеска претседателот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски на средбата на високо ниво „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“, која МЦМС ја организира во име на Регионалната мрежа за лидерство и интегритет во […]