ТРАМП ЌЕ ГИ ПРОВЕРУВА ЦАРИНИТЕ И НА РЕТКИТЕ МЕТАЛИ ОД КИНА!

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди ревизија на потенцијалните нови царини за сите американски увозни клучни минерали, наведувајќи го „преголемото потпирање“ на Вашингтон на Кина за преработените верзии на минералите. Трамп потпиша налог со кој му се наредува на министерот за трговија Хауард Лутник да покрене истрага за националната безбедност според член 232 од Законот за […]

Европа бара сојузници за „новиот светски поредок“, најави Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека се повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека ова е „позитивен несакан ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за стоки увезени во САД. Фон дер Лајен за германскиот весник „Цајт“ изјави дека „Европа е целосно […]

ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ КИНА СО ЕКОНОМСКИ РАСТ НАД ОЧЕКУВАЊАТА

Кинеската економија оствари раст од 5,4 отсто во првиот квартал годинава, што е над очекувањата наспроти предизвиците од повисоките американски царини. Во првиот квартал кинескиот БДП ги надмина очекувањата од анкетата на Ројтерс за годишен раст од 5,1%. Растот годинава се должи на економското закрепнување што започна кон крајот на 2024 година, благодарение на широко […]

Субвенциите за млеко се целосно сервисирани

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813,00 денари. Од Министерството за земјоделство, шумарство, водостопанствои денеска информираа дека извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на […]

НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА ИЛЕГАЛНИТЕ ПРЕМИНУВАЊА НА БАЛКАНСКАТА РУТА

Стапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад – од 64 проценти – е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат […]

Во СЗО постигнат историски договор за здравствена безбедност

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. – Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во […]

Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа. Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез […]

Речиси 80 отсто од „дискриминаторите“ се државни институции

Благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто бележи Извештајот за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Зголемен е бројот на претставки во однос на националната или етничка припадност, зад што најчесто стои политичко уверување. Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но […]

Граѓаните да ги достават забелешките за Стратегијата за минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, како и по Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Во тек е широк и транспарентен […]

ХОЛАНДИЈА ЗАБЕЛЕЖУВА РЕКОРДИ ВО КУЌИ ПОСКАПИ ОД МИЛИОН ЕВРА

Во Холандија минатата година имало рекордни 223.000 куќи поскапи од еден милион евра, што е зголемување од 13,5 отсто во споредба пред една година и 243 отсто повеќе отколку во 2020 година, објави агенцијата Калкас во својот годишен преглед. Овие скапи куќи и станови сè повеќе се градат сериски, а просечната вредност на ваквите згради […]