Од аеродром „Истанбул“ истовремено ќе се слетува и полетува од три одделни писти

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе се одвиваат слетувања и полетувања од три одделни писти, благодарение на воведувањето на специјален систем за управување со воздушниот сообраќај, изјави синоќа турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. „Благодарение на новиот систем, до три авиони ќе можат да слетаат или полетуваат […]
НАУЧНИЦИ „ОТКРИЈА“ ЗНАК ЗА МОЖЕН ЖИВОТ НА ЕГЗОПЛАНЕТА К2-18б?

Научниците од британскиот универзитет Кембриџ открија нови, иако сè уште неизвесни докази кои би можеле да укажат на постоење на живот на егзопланетата К2-18б, свет оддалечен дури 1,1 трилиони километри од Земјата. Со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST) на НАСА, истражувачите открија траги од молекули во атмосферата на планетата кои се произведуваат исклучиво […]
СТО ПРЕДВИДУВА НАМАЛУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНИОТ РАСТ ПОРАДИ ЦАРИНСКАТА ВОЈНА

Царините на Доналд Трамп ќе ја нарушат меѓународната трговија оваа година, намалувајќи го глобалниот економски раст, предупреди Светската трговска организација. Како резултат на трговската политика на Вашингтон, сега се предвидува намалување на светската трговија за 0,2 отсто, соопшти СТО во својот последен извештај. Генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, очекува трговијата меѓу САД и Кина […]
„Стоп за корупција”, кампања на Царинска управа

„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал”, е главната порака која сакаме да допре до секој граѓанин преку кампањата „Стоп за корупција”. Во рамки на кампањата „Стоп за корупција”, до 25ти април на граничните […]
Димитриеска-Кочоска: Германија има особено значење за нашата економија

Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. – Политиките коишто ги […]
ГЕРМАНЦИТЕ ПОТРОШИЛЕ СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ХРАНА ЗА МИЛЕНИЧИЊА!

Германските домаќинства минатата година потрошиле повеќе од седум милијарди евра за своите миленици, се наведува во најновиот извештај на Здружението на индустријата за миленици (ИВХ). Повеќе од 30 милиони домашни миленици живеат во германските домови, а вкупниот промет во 2024 година достигна импресивни 7 милијарди евра. Тоа претставува мало зголемување во споредба со 6,8 милијарди […]
Во потрошувачката кошничка ќе има сезонски и домашни видови овошја и зеленчук

Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се […]
Аптеките не се класични трговски објекти, Здружението на приватни аптеки бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки

Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки од 3 април годинава, нагласи за време на денешната изјава за медиуми, Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на здружението. Божиновска рече дека аптеките не треба да се третираат како обични трговци. – Сакаме да […]
Голема регионална поддршка за настраданите во пожарот во Кочани
НЛБ Групацијата донира 350 илјади евра во Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

НЛБ Групацијата, најголемата банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во регионот, донира средства за долгорочна поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот кој неодамна се случи во Кочани. Сите банки-членки на Групацијата контрибуираат со одреден износ, со што вкупниот износ на донацијата изнесува 350 илјади евра, средства кои треба […]
Амбасадата на Јапонија отвори повик за доделување стипендии за додипломски или истражувачки студии

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија објави повик за доделување студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија. Како што денеска соопштија од Амбасадата на Јапонија, кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16-ти мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети […]