„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

Како резултат на постојаните напори за подобрување на условите за своите вработени, „КАМ“ повторно ја доби наградата за најпосакуван работодавач во категоријата маркети во Македонија која ја доделува vrabotuvanje.com.mk Манифестацијата замислена како „Оскари“ за работодавачите „Работодавач на годината“, се одржа вчера во хотелот „Лимак“ во Скопје, каде јавноста ги одбра најпосакуваните компании за вработување во […]

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“. Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи. – Предоцна е да се намалат каматните стапки по […]

Европската централна банка ги намали основните каматни стапки седми пат по ред

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали основните каматни стапки седми пат по ред. Одлуката беше објавена денеска на крајот од дводневниот состанок на ЕЦБ за монетарната политика. Каматната стапка за депозитите е намалена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто – ниво под кое последен пат беше во декември 2022 година, кога беше 2 отсто. […]

ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА МОЖЕ ДА ЈА ИЗБЕГНЕ РЕЦЕСИЈАТА, изјави Кристалина Георгиева, директорка на ММФ

Глобалната економија најверојатно ќе ја избегне рецесијата наспроти забавување на растот предизвикан со воведување на царините од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Трговските бариери имаат своја цена, изјави Георгиева пред новинарите во Вашингтон, додавајќи дека ММФ сега очекува значајно намалување на прогнозите на растот, но не […]