ЕЦБ ГИ ПОВЛЕКУВА ОД ОПТЕК ПОСТАРИТЕ БАНКНОТИ ОД 50 ЕВРА

Европската централна банка објави дека постепено ќе ги повлекува од оптек постарите банкноти во вредност од 50 евра. Оваа одлука се однесува исклучиво на банкноти кои беа пуштени во оптек пред 2017 година. Станува збор за мерка насочена кон зголемување на безбедноста на готовинските трансакции низ целата еврозона. Замената ќе се спроведува постепено и без […]
ПРВИ СИГНАЛИ ЗА НАМАЛЕНА ПРОИЗВОДСТВЕНА АКТИВНОСТ ВО КИНА ПО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА СО САД

Производствената активност во Кина се намали во април најмногу од 2023 година, според официјалните истражувања, што е почетен сигнал за економското влијание на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп. Официјалниот индекс на менаџери за набавки во производството достигна 49, што е најниско ниво од декември 2023 година. Податоците го опфаќаат период на заострување на […]
Крајот на глобализацијата (каква што ја знаеме)

Сега веќе антологиското дело на британскиот историчар Пол Кенеди „Подемот и падот на големите сили“, издадено во 1987 година, е обврзно четиво кое го препрочитувам деновиве. Кенеди прави детална историска анализа на врската меѓу економската сила и воената моќ на големите сили (империи) од 1500 година до крајот на 20 век. Тој истражува како големите […]
„Европа е отворена за најдобрите и најпаметните. Изберете ја Европа“, Фон дер Лајен до научници од целиот свет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика научници и истражувачи од целиот свет да работат во Европа, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Харвард и други американски универзитети. Американските универзитети беа цел на администрацијата, главно поради начинот на кој реагираа на пропалестинските протести […]
Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем. Одлуката е […]
Успешeн прв квартал за НЛБ Банка

Континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година. Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од […]
АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 84,5 милиони евра, извоз од 57,4 милион евра и со инвестиции од 4,2 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г.

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби […]
“ГРИН ЦИРК 25” на ТМФ КАКО КАТАЛИЗАТОР НА ПРОМЕНАТА ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје се одржа Втората меѓународна конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија – ГРИН ЦИРК 25. Во периодот од 22 до 25 април 2025 година факултетот се претвори во сцена на иновација, ентузијазам и визија за подобра иднина. Оваа меѓународна конференција ги обедини водечките умови […]
МАЛТА ДА ПРЕКИНЕ СО ИЗДАВАЊЕ НА „ЗЛАТНИ ПАСОШИ“, пресуди Европскиот суд на правдата

Европскиот суд на правдата ѝ наложи на Малта да ја прекине својата програма за „златни пасоши“, што значи и прекинување на комерцијализацијата на издавањето државјанство, кое е во спротивност со законите на ЕУ. Малта во рамките на програмата што им овозможува на богатите да купуваат државјанство на ЕУ, не ги исполни своите обврски кон ЕУ, […]
ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ МОРА ДА ЗБОРУВААТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК, нова наредба на американскиот претседател Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, издаде извршна наредба со која се пропишува дека возачите на камиони во Соединетите Американски Држави мора да зборуваат англиски јазик за да се обезбеди безбедноста на американските семејства на автопатите. Наредбата потпишана од Трамп која е испратена до американскиот министер за транспорт Шон Дафи, се однесува на тоа […]