Економија и бизнис | 01 мај 2025г.

Во бројот од 01 мај 2025 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.

Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на јавниот повик за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, заклучно со 29 април годинава, пристигнале вкупно 21 апликација. Меѓу кандидатите, како што објавија некои од медиумите, има судии, обвинители, адвокати. – Во наредниот период, Меѓуресорската Комисија формирана со […]

Нула смртоносни сообраќајки до 2050, построги сообраќајни правила во ЕУ

Во Европска Унија имало 20.380 загинати во сообраќајни несреќи во 2023, или намалување од 1,3% во споредба со 2022, се вели во статистичкиот извештај на Евростат. Ова е намалување за 16% од 2013 до 2023. Во девет од земјите членки на ЕУ — Бугарија, Романија, Летонија, Хрватска, Грција, Португалија, Литванија, Италија и Полска — имало […]

Најголемиот руски дијамант се продава на аукција!

Компанијата „Алроса“ објави дека планира да го продаде на аукција дијамантот „Ново сонце“, најскапоцениот камен во историјата на Русија, со ретка жолта боја, со тежина од повеќе од 100 карати. Раководителот на фабриката „Алроса“ во Јакутија, Ајсен Николаев, изјави за ТАСС дека планираат да го продадат дијамантот на аукција, но не прецизираше кога тоа би […]

Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар

Камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од околу 18 километри беше поставен денеска, а се очекува тој да биде завршен во 2027 година. Проектот е вреден 90 милиони евра. Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар опфаќа и девет натпатници од кои – 8 натпатници за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, […]

МНОЗИНСТВОТО ЕВРОПЕЈЦИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА АЛТЕРНАТИВИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Граѓаните на еврозоната би биле подготвени да бараат алтернативи за американските производи доколку САД воведат царини за производи од Европската Унија, покажува истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Во март, како дел од редовното месечно истражување за очекувањата, ЕЦБ постави прашања на 19.000 граѓани на еврозоната „до кој степен би биле спремни да купуваат други […]

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ФАО: ПОТРОШУВАЧИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ПОСКАП ЖИВОТ

Цените на основните прехранбени производи се зголемија во април, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната се зголеми за 1,0 процент во споредба со март, а за 7,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Најголем пораст на цените е забележан кај житарките, месото и млечните […]

ОПЕК+ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА ОД ЈУНИ

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК+) се согласи на уште едно зголемување на производството на нафта следниот месец, што претставува зголемување на понудата втор месец по ред, објави „Блумберг“. Клучните земји предводени од Саудиска Арабија и Русија се согласија да го зголемат дневното производство за 411.000 барели од следниот месец, изјавија неименувани делегати. Делегатите […]