ЕП одобри осум милиони евра помош за поранешните работници на „Ван Хол“ во Белгија

Европскиот парламент со 598 гласа „за“, 48 „против“ и пет „воздржани“ го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од осум милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“. – Европската автомобилска индустрија се соочува со невиден притисок […]

ПРЕГОЛЕМАТА ЗАВИСНОСТ ОД „СОНЧЕВА“ ЕНЕРГИЈА КАКО ПРИЧИНА ЗА КОЛАПСОТ ВО ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА!?

Една недела колапсот во енергетската мрежа во Шпанија и Португалија официјалните лица не открија која е главната причина за масовното затемнување, но потврдија дека не станува збор за сајбер напад. Сепак, сè повеќе експерти за енергија веруваат дека причината за масовните прекини на електричната енергија лежи во предизвиците што ги носат со себе обновливите извори […]

Најмногу дожд во Крушево, денеска со локален пороен дожд

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 12 литри на квадратен метар, според мерењата на УХМР за наврнат воден талог. До 8 часот утрово, по изминато деноноќие, 9 литри на квадратен метар се измерени во Крива Паланка, 7 во Битола, 6 во Охрид, 5 во Виница и Ѓуриште, 4 литри на квадратен метар […]

ШПАНСКАТА ВЛАДА ПРЕДЛОЖИ СКРАТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА НЕДЕЛА

Владата на Шпанија вчера го донесе законот за општо скратување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Дванаесет и пол милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време ќе имаат корист од скратувањето на работната недела и се очекува компаниите дека ќе ја зголемат продуктивноста и ќе го намалат отсуството од […]

ПОВЕЌЕ ОД 20.000 ВОЛОНТЕРИ ЌЕ ЈА ИСЧИСТАТ МАКЕДОНИЈА НА НАЈМАСОВНИОТ ЕКОЛОШКИ НАСТАН НА БАЛКАНОТ – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

На 9, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се случи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните), создадена од Мен енд Маунтен, заедно со главниот стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер […]

За непостоечките дилеми, но и за гаранциите

Живееме во немирно време изложено на неизвесност, непредвидливост. Секојдневно се случуваат промени околу нас на кои мора да се навикнуваме во òд. Имам впечаток како да ни се случува колективна амнезија за тоа низ каква голгота поминуваше Европа само пред еден век или какви крвави војни се водеа на Балканот само пред триесетина години или […]

БРОЈОТ НА СТЕЧАИ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА Е НАЈВИСОК ОД 2013 ГОДИНА

Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше најголем од 2013 година, а бројот на барања за стечајна постапка поднеле 190.449 компании. – Три години економска стагнација и рецесија се одрази на Германија и на цела Европа, рече Патрик-Лудвиг Ханч, директор за истражување ревизорската агенција во „Кредитреформ“. Во 2021 година пропаднаа 112.686 компании, додека […]

СТОПАНСКАТА КОМОРА АКТИВНО РАБОТИ НА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот. Според информации кои ги добиваме […]

Стипендии за студии во Италија за академската 2025-2026 година

Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската 2025-2026 година. Како што објави МОН, кндидатите може да аплицираат за следните категории на студии во Италија: напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци); втор степен на универзитетски студии […]

Нов веб-сајт на ЈСП Скопје

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека од денеска пуштен во употреба e новиот веб сајт. Истиот е достапен на адресата https://skopjebus.mk/. Новиот веб-сајт има за цел да им овозможи на граѓаните подобра и поефикасна информираност за услугите на Јавното сообраќајно претпријатие. Клучни предности на новиот веб-сајт: – Модерен, адаптивен дизајн Оптимизација за мобилни телефони, таблети […]