Денеска пратениците треба да гласаат за именување на нов гувернер

Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. […]

Без струја корисници во Аеродром и Карпош

Без струја денеска од 09 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Горноврановска“, „Горно Лисиче“ и „Божидар Рајковиќ“, во општина Аеродром, а од 10 до 12 часот, корисниците од с. Горно Нерези во општина Карпош. Прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа

Нова улица во центарот на Скопје – виолетова улица Bestie

Утрово центарот на Скопје осамна во невообичаено издание. Додека градот се буди и го следи својот вообичаен ритам, нешто изненадувачко се подготвува на улицата „Македонија“, на потегот од Рекорд кон плоштадот „Македонија“. Улицата, барем денеска, доби ново име – улица „Bestie“. Минувачите во центарот на градот утрово ги дочека виолетова улична табла со новото име […]

Везе Шари – лидер во циркуларната економија преку јасна визија и вложување во квалификуван кадар

На 27 мај 2025 година, во просториите на компанијата Везе Шари во Тетово, се одржа значаен настан посветен на циркуларната економија, управувањето со отпад и развојот на зелените вештини, организиран од М6 Едукативниот центар во соработка со швајцарскиот проект „Образование за вработување“. На настанот присуствуваа претставници од Швајцарската амбасада, Хелветас, М6 Едукативниот центар и претставници […]

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

На предог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата. Измената е дел од Програмата за работа на Владата […]

Психологија на инвестирања во крипто – кога се тргува, а кога се чуваат губитоците

Го проверувате вашето портфолио: една монета оди нагоре, друга надолу. Ја продавате добитната, ја задржувате губитничката – и се чувствувате чудно задоволно. Но, дали тоа е вистинскиот потег? Ова е вообичаен модел на однесување во тргувањето, но воедно е и таков што можеби не секогаш ќе ви оди во прилог. Овие моменти ја инспирираа нашата […]

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и […]

ЕБОР и ЕУ ѝ помагаат на Северна Македонија да ја подобри конкурентноста на приватниот сектор

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) го поддржуваат приватниот сектор на Северна Македонија преку идентификување на мерки за клучните приоритети и области на имплементирање на политиките, кои треба да ја зајакнат конкурентноста. Овие напори се поддржани преку Програмата Приоритети за политиката на конкурентност за Западен Балкан финансирана од ЕУ преку […]

АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид

Барање, не само наше, туку и на сите оние кои навистина сакаат натпреварите да се одлучуваат на терен со услови на праведност и еднаквост, е да се презакаже второто финале и да се почитуваат прописите на Европската федерација, кои Алкалоид ги прекрши, а не АЕК, соопштија претпладнево од атинскиот клуб, јави дописничката на МИА од […]

Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона во Новаци

Бизнисмени од општината Тире која е составен дел на турскиот град Измир ќе инвестираат во индустриската зона Новаци која на располагање нуди можност за градба на 15 фабрики од лесната индустрија. Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски ги информира турските бизнисмени и градоначалникот на Тире, Ајати Окуроглу дека индустриската зона е оформена и во моментов […]