ИЕЛКА: Кошничката во грчките супермаркети со пониски просечни цени отколку во седум други земји од ЕУ

Цените на производите во вообичаената кошница за домаќинствата во грчките супермаркети се пониски отколку во супермаркетите во Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија и Романија, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ИЕЛКА, во […]

НБРМ: Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна

Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна. Нивото на девизните резерви на крајот на мај изнесува 4.691,1 милион евра, што е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута, информираат од Народната банка по одржувањето на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на НБ. На седницата беа разгледани […]

Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата

Словенија се уште не го признава хрватскиот јазик како малцински јазик, предупреди комитетот на експерти на Советот на Европа во извештај објавен денеска, и предложи, заедно со германскиот и српскиот, да биде признат како јазик на национачлно малцинство што традиционално се зборува во државата. Комитетот на експерти за Европската повелба за регионални или малцински јазици […]

Објавен конкурс за 50 студентски стипендии за странски државјани

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија, за студиската 2025/2026 година. Стипендиите им се доделуваат на странски државјани со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. […]

„Нашиот договор со Кина е готов“, објави Доналд Трамп на својата социјална мрежа

„Нашиот договор со Кина е готов, уште треба да биде одобрен од мене и од претседателот Шји. Во рамките на него, Кина ќе ги обезбеди сите потребни ретки метали и магнети“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, пренесува Н1. Исто така, САД ќе и даде на Кина тоа што беше договорено, вклучувајќи и користење на […]

НБРМ: Досегашните остварувања кај инфлацијата се малку над очекувањата, што покажува одредени продолжени ефекти и потреба од претпазливост

Инфлациските остварувања и понатаму претставуваат важен сегмент што треба внимателно да се следи. Во мај 2025 година годишната стапка на инфлација забрза и изнесува 3,3%. Ова во најголем дел се должи на растот на цените на прехранбената компонента, што следува по завршувањето на важноста на мерките за ограничување на растот на цените. Од друга страна, […]

Албанија станува водечка земја во привлекување елитни туристи

Во првиот квартал од оваа година, приходите од туристичкиот сектор во Албанија забележаа уште еден рекорд во споредба со истиот период од претходните години. Според податоците објавени од Централна Банка на Албанија, странските туристи потрошиле 874,36 милиони евра во Албанија, што е зголемување од околу 11% во споредба со истиот период во 2024 година и […]

ЗА КОРИСТЕЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН КАЗНА ОД 35О ЕВРА И ОДЗЕМАЊЕ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ, грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за безбедност во сообраќајот

Новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, што предвидува построги казни за низа сообраќајни прекршоци, а има за цел значително намалување на сообраќајните несреќи во земјата, денеска, со широко мнозинство беше изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, земјата е […]

Трамп: ФЕД треба да ги намали каматните стапки за еден процент

Годишната инфлација во Соединетите Американски Држави во мај се зголеми на 2,4 процент, во споредба со априлските 2,3 процент, објави денес Бирото за статистика на трудот на САД. На месечна основа, инфлацијата се зголеми само за 0,1 процент, исто така помалку од очекувањата на експертите кои предвидоа дека царините на Трамп ќе имаат поголемо влијание […]