Мекинтош постави трет светски рекорд во пливање за пет дена

Трикратната олимписка шампион Самер Мекинтош од Канада постави нов светски рекорд на 400 метри мешано. На државното првенство во Монтреал, Канаѓанката оствари резултат од 4 минути 23,65 секунди. Претходниот светски рекорд за ова растојание исто така и припаѓаше на Мекинтош – тој беше 4 минути 24,38 секунди. Мекинтош за пет дена собори три светски рекорди. […]
ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите

Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар, објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи. Во документот […]
Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници

Во Албанија е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, заразно заболување кое е дијагностицирано кај млад човек на возраст од триесеттина години, објави Топ чанел. Според медиумот, пациентот бил изолиран веднаш по потврдувањето на дијагнозата. Здравствените власти се мобилизирани за да ги пронајдат неговите контакти и да го спречат понатамошното ширење на болеста. – Mладиот […]
ДЗР за работењето на ЕЛЕМ ТУРС: Задолженост, континуирани загуби и застарени сместувачки капацитети

Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари. Застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување го доведуваат друштвото до сериозни предизвици во работењето, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија […]
Емоционална интелигенција − најбараната вештина на новото време

Во ерата на дигитализација и на технолошка револуција каде што машините постепено заменуваат сè повеќе човечки операции, она што останува автентично човечко и наша „конкурентска“ предност се емоциите.Што се емоциите? Емоциите се основа за целата креација во светот низ историјата − од пронајдоци, преку уметнички дела, сè до спортски или други индивидуални и колективни резултати.Емоциите […]
ВИСОК ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ ВО СРПСКИТЕ РЕСТОРАНИ, НО СРБИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА!

Цените во хотелите и рестораните во Србија во мај се повисоки за 10,0 отсто, во споредба со истиот месец минатата година, објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Храната поскапе за 11,4 проценти, а во него најголем пораст на цените е забележан кај салатите од 14,2 отсто и лебот за 14 отсто. Топлите и ладните предјадења […]
Гувернерот Славески на прва средба со претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството

Во просториите на Народната банка се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот, д-р Трајко Славески и претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, Бјорн Габриел. Средбата беше по повод новиот мандат на гувернерот Славески и како можност за освежување на дијалогот и разгледување на досегашната и понатамошната соработка помеѓу двете институции. Во пријателска и […]
Данска воведе задолжителна воена служба за жените

Данскиот парламент гласаше синоќа без ниту еден глас против за задолжителната воена служба за жените. По наполнување 18 години, данските жени ќе служат воена служба, како и младите мажи, 11 месеци, а обуката би можела да започне веќе следниот месец. Досега, жените можеа да учествуваат во воена обука 4 месеци, и тоа доброволно. „Поради моменталната […]
Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски. Како што стои во објавата на црковниот портал „Литургија.мк“, денот на ракополагањето во епископски чин на игуменот Георгиј ќе биде дополнително објавен. Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година […]
Граѓаните да ја разберат важноста на пријавувањето корупција, почнува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

Кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за важноста на пријавувањето корупција и да ги охрабри да преземат активни чекори во борбата против оваа негативна појава стартуваше денеска. На промоцијата на кампањата беше истакнато дека одржливиот напредок може да се постигне само преку транспарентност, […]