Помина предлогот на Трамп за намалување на трошоците за странска помош

Претставничкиот дом на САД со тесно мнозинство го усвои барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на трошоците за странска помош и јавни радиодифузни услуги за 9,4 милијарди долари, а предлогот беше испратен на разгледување до Сенатот. Мерката беше усвоена во Претставничкиот дом, каде што републиканците на Трамп остварија тесно мнозинство, со 214 гласа „за“ […]
Без вода корисници на дел од општина Центар

Корисниците од улиците „Боро Петрушевски“ и „Ѓорги Абаџиев“ во Општина Центар ќе немаат вода поради поставување водоводен приклучок на ул „Боро Петрушевски“ бр 14. ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Граѓаните може да се здружуваат во производство на струја од фотоволтаици

Со новиот Закон за енергетика се имплементира европското аки и се транспонира пакетот за чиста енергија, што значи дека се прифаќа се што е добра практика од Европската Унија, оцени министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. – Во Законот има многу новитети, а најважно за граѓаните е што ќе има нови паметни […]
КАФЕ, ЌЕБАПИ И ПИВО ЗА ДЕСЕТ ЕВРА И ЛЕТУВАЊЕ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ, НО НЕ Е СКАПО КАКО ВО ХРВАТСКА

Доколку сакате да летувате на јадранскиот брег, но да не плаќате прескапо за угостителски услуги и за сместување како во Хрватска, Неум во Босна и Херцеговина е идеално место за пристоен летен одмор. Овој единствен град од БиХ кој излегува на море се повеќе ги привлекува туристите од Хрватска, Србија и другите земји од регионот, […]
МНРиНТ со апел: Не патувајте во земјите од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така упати апел до сите […]
Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО за нашата земја

На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО ДООЕЛ Скопје) е назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија – НЕМО за Република Северна Македонија за наредните четири години. Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) е назначен оператор на организираниот пазар на […]
ЗА СРЕДНО МЕДИЦИНСКО ВО СКОПЈЕ 680 УЧЕНИЦИ, ЗА ГРАДЕЖНИЦИ 474 , ЗА УГОСТИТЕЛСТВО 306, ЗА ГИМНАЗИЈАЛЦИ НАД…. од утре прво електронско пријавување во јуни за уписот во средните училишта за 2025/2026

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна […]
Висок раст на цената на нафтата по тензиите меѓу Израел и Иран

По израелските напади на нуклеарни и воени цели во Иран цената на нафтата на берзите порасна за 11,6% Цената на фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август 2025 година на лондонската берза ICE надмина 78,5 долари за барел утрово за прв пат од 28 јануари. Фјучерсите за WTI за испорака во јули 2025 […]
Царинските лидери од Западен Балкан и ЕУ ја потврдија посветеноста на подлабока интеграција и непречена трговија

Царинските лидери од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ вчера се состанаа во Тирана на Втората конференција на високо ниво на генералните директори на царинските служби, на тема „Царинско партнерство за поврзана Европа“. Конференцијата официјално ја отворија Белинда Балуку, заменик премиер на Албанија, и Петрит Малај, министер за финансии на Албанија, заедно со Роберто Алесе, […]
Поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ против 34 физички и три правни лица

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. -Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со […]