Меџити: Блокирани се 226 интернет страници за онлајн коцкање

Влада имаат конкретен резултат во борба против криминалната индустрија на коцкањето и игрите на среќа. Со владината одлука за блокирање на 173 интернет страници за онлајн коцкање, се исполнува едно од најјасните ветувања што ги дале пред граѓаните, изјави вицепремиерот Изет Меџити на денешната прес-конференција. Со овие интернет страници за онлајн коцкање, кои според него […]

ПОРАКА ОД УЈП: Сите угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи упати потсетување до сите угостители, трговци и вршители на дејност на законската обврска да го регистрираат готовинскиот промет преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за секоја наплатена стока или услуга. -Покрај тоа, деловните субјекти се должни да го евидентираат остварениот промет и да го уплатат кај носителот на […]

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената на современи и високоспецијализирани медицински интервенции во областа на ортопедија и трауматологија во нашата земја. Како што информира Министерството за здравство, во првиот случај е извршена операција на коскена циста кај 45-годишен пациент. […]

„Авенга академи“ организира „Challenge Day“: Стипендии во вредност од 100.000 евра за идните ИТ професионалци

„Авенга академи“, еден од водечките центри за практично ИТ образование во земјава (поранешен „Seavus Education and Development Center“), на 14 јуни, сабота, ќе го организира годишниот настан „Challenge Day“ – уникатна можност за сите кои сакаат да започнат или унапредат кариера во ИТ секторот. Настанот ќе се одржи паралелно во просториите на „Авенга академи“ во […]

Секоја година по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство. Меморандумот […]

ПРОСЕЧНАТА ПОВРШИНА НА ИЗГРАДЕНИ СТАНОВИ Е 64,5, НА ПРИВАТНИ КУЌИ Е 118 м2,

Во 2024 година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39 827 830 илјади денари, објави Државниот завод за статистика. Во текот на 2024 година се градени вкупно 2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 м2, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост. Главни […]

Ќе останеме ли без домашни производители на кафе?

Загуби или зголемени цени: Производителите во Македонија се пред сериозен предизвик Кафето, какаото се се дел од многуте берзански продукти, чија цена зависи од ценовните осцилации на берза. Суровини кои веќе цела година доживуваат шокантни скокови на берза и постојано расте нивната цена. На разочарување на производителите па и на крајните потрошувачи пасионирани љубители на […]

Глобалната потрошувачка за нуклеарно оружје се зголеми за 11 проценти во 2024 година

Потрошувачката на деветте нуклеарни вооружени држави во светот се зголеми за 11 проценти во 2024 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје. Годишното зголемување од 10 милијарди долари на 100,2 милијарди долари е потрошено за модернизација и, во некои случаи, проширување на нуклеарните арсенали, според податоците на […]

Фудбалскиот синдикат бара задолжителен одмор од 8 недели за професионалните играчи

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПро) побара врз основа на експертски извештај воведување дванаесет заштитни мерки за здравјето на фудбалерите, вклучително и осумнеделна пауза помеѓу сезоните. „ФИФПро повикува на итна имплементација на заштитни мерки засновани на докази за заштита на фудбалерите, се наведува во соопштението објавено пред почетокот на Светското клупско првенство кое стартува в […]

ПАНЕЛ ЗА ТЕМАТА АФАЗИЈА, Педесет отсто од мозочните удари можат да се предвидат

Во Скопје дневно има еден до два мозочни удари, дури 50 отсто од нив можат да се предвидат. Најчестите предизвици со кои се соочуваат овие пациенти се нарушената способност комуникација и движење. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија на тема афазија, во организација на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – […]