На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Протест пред МВР поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феникс

Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феникс. Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава. -На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен […]

Омаж на филмот, уметноста и музиката – Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски

Во големата сала на Националната опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи омаж на филмот, уметноста и музиката – Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како: „Големата […]

СВЕТСКИ ДЕН НА ВЕТЕРОТ, во „ветерната“ индустрија се вработени 370.000 луѓе во Европа

Светскиот ден на ветерот се слави секој 15 јуни. Денот на ветерот се слави од 2007 со цел да се подигне свеста за важноста на ветерот како обновлив извор на енергија и неговата важност во трансформацијата на енергетските системи, декарбонизацијата и борбата против климатските промени. Фокусот на овогодинешниот Светски ден на ветерот е токму на […]

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ: Убавината во музиката е експериментирањето со многу жанрови

Настанот кој што е најавен во интервјуто ќе се одржи на 15 јуни. Ретка е можноста да се направи интервју со музичка ѕвезда. Непосредниот повод е големиот музички настан кој го организирате и кој треба да се одржи наскоро. Можете ли да споделите со читателите повеќе детали? К. Џајковски: Овој настан е на некој начин […]

МНР објави СОС контакти за сите наши државјани кои се наоѓаат во погодените региони на Блискиот Исток

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви. Воедно, Министерството апелира до сите […]

Бјорн Габриел: Енергетските системи во Западен Балкан се многу ранливи на екстремните временски услови

Десет проценти од малите и средните претпријатија во Западен Балкан пријавуваат загуби од природни катастрофи, а зелените инвестиции остануваат ограничени, покажува анкетата за инвестиции на Европската инвестициска банка. Претставникот на ЕИБ во земјава Бјорн Габриел во интервју за МИА посочува дека клучните бариери се перцепциите за ниска профитабилност, ограничен пристап до финансии и неразвиените практики […]

ГОЛМАНОТ СО 18 ОДБРАНИ и Магдебург нов европски шампион во ракомет

Ракометарите на Maгдебург вечeрва во Келн го победија Фуксе Берлин со 32:26 во финалето на Лигата на шампионите. Новиот шампион се насетуваше уште по првото полувреме по предноста на Магдебург со четири гола (16:12) Фуксе Берлин не успеа да ги обедини трофеите од Бундеслигата и од елитната Лига на шампиони. Најзаслужен за победата на Магдебург […]

ВО ФОКУСОТ БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ И ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ НА ПЕТ СТОЛБА, ова е новата здравствена програма на новиот министер за здравство Азир Алиу

Новиот министер за здравство Азир Алиу на денешната прес – конференција во Влада рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на пет столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните. Алиу посочи дека ќе се фокусира неколку клучни насоки и тоа спроведување на програмата 2024 – 2028, решавање […]

НЕИЗВЕСНА НЕДЕЛА ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ: ФЕД одлучува за каматите, Швајцарија е во зона на дефлација!

Покрај геополитичките тензии, фокусот на инвеститорите следната недела ќе биде ставен на јунскиот состанок на Федералните резерви на САД. Федералните резерви речиси сигурно ќе ја остават својата клучна каматна стапка непроменета на 4,25-4,50 проценти, наспроти притисокот од Трамп да ги намали каматните стапки. Прогнозите на берзанските експерти се дека Федералните резерви би можеле да ги […]