НОЌЕСКА УШТЕ ЕДЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИДСКО

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според […]
Попладне појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до […]
АРГЕНТИНА САКА ДА ГИ „ИЗВЛЕЧЕ“ ДЕВИЗНИТЕ ЗАШТЕДИ НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГИ ЧУВААТ ВО ПЕРНИЦИ

Аргетинскиот претседател Хавиер Милеи сака да ги „охрабри“ граѓаните да почнат да ги трошат непријавените заштеди во долари кои се проценуваат на 200 милијарди американски долари. Со рестриктивната фискална политика Владата на Аргентина успеа да ја намали инфлацијата од 25 отсто во декември 2023 година на сегашни три отсто. Во кампањата пред претседателските избори во […]
МНОЗИНСТВОТО СЛОВЕНЦИ АКТИВНО И ПАСИВНО БАРААТ НОВО РАБОТНО МЕСТО, но главен фактор не е платата!

Според мнозинството испитаници во анкетата спроведена од МоеДело, состојбата на пазарот на трудот во Словенија ќе остане стабилна, но 70 проценти од вработените активно или пасивно бараат нова работа, што е највисоко ниво од пандемијата Ковид-19. Анкетата покажала дека 30 проценти од вработените активно бараат нова работа, што е за 15 проценти повеќе од минатата […]
Економија и бизнис | 15 јуни 2025г.
Во бројот од 15 јуни 2025 ќе читате…

Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.
ЦАРИНСКА УПРАВА: НА БОГОРОДИЦА И МЕЃУНАРОДЕН АЕРОДРОМ СКОПЈЕ СПРЕЧЕНИ ОБИДИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ И ТУТУН, НАД 5 ИЛЈАДИ АЛАТКИ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ, МОТОРЦИКЛ, ФАЛСИФИКАТИ И ДРУГО

•Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка. •Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 […]
РЕЗУЛТАТИ ОД “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВИКЕНД 2025

НАЈМАСОВНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ГОДИНАВА СО РЕКОРДНИ 55.627 ВОЛОНТЕРИ И НАД 645.000 КГ СОБРАН ОТПАД Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до […]
Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност […]
Претседателот на УО Андреја Јосифовски купи акции од Макпетрол А.Д. – Скопје

Во соопштение доставено до Македонската берза, Макпетрол АД известува дека Претседателот на Управниот одбор Андреја Јосифовски, се стекна со 80 обични акции од издавачот Макпетрол А.Д. – Скопје
Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2025/2026 година. По успешниот пилот-проект во 2019 година, Фондацијата МК2025 континуирано обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и и оваа година […]