Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка

Стопанска банка АД-Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите. Читалната во рамките на Клиничкиот центар зафаќа површина од 120 метри квадратни, уредена со модуларен мебел, со што претставува инспиративен […]

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. Кој […]

Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот. – Се консултираме со екпертската јавност, […]

Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија

Визијата на Македонија е создавање на современ и иновативен енергетски модел кој ќе овозможи праведна транзиција и ќе стане двигател на економскиот раст, во интерес на граѓаните и државата, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на министерскиот панел за Западен Балкан: „Инвестиции во време на превирања и брзи пазарни случувања: Каде […]

ТОА ШТО ТРАЕ Е РОДЕНО ВО ИМАГИНАЦИЈА: Награден конкурс за уметници до 35 години

Сликари, вајари, фотографи, како и дигитални, визуелни и мултимедијални уметници од седум земји од регионот се поканети да се пријават на уметничкиот конкурс и да учествуваат на изложбата со наслов „Тоа што трае е родено вo имагинација“, организирана од регионалната правна пракса Karanović & Partners. Темата на конкурсот е интерпретација на процесот што води до […]

Официјално: Илиевски нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска федерација денес го промовира Марјан Илиевски во нов селектор на сениорскиот национален тим. Илиевски на чело на македонската репрезентација доаѓа на местото на Александар Јончевски. На денешното официјално претставување пред медиумите, новиот селектор најави макотрпна работа со цел подобрување на состојбата во која се наоѓа македонската кошарка и за тоа побара време и […]

МФ достави барање до 22 меѓународни финансиски институции и банки за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Министерството за финансии денеска испрати до 22 меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки барање за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10. Станува збор за финансиски институции од Европа, САД, Јапонија и Обединетото Кралство, од кои дел се институции со коишто земјата и претходно соработувала на одредени […]

ЈОВАНОВСКИ: ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ КОНЗОРЦИУМ ОД СИТЕ ДОМАШНИ ГРАДЕЖНИ ФИРМИ

Во интервју за Радио Слободна Европа економистот Зоран Јовановски зборува за причините за инфлацијата во земјата, за растот на платите, за независноста на централната банка, за потребата од ангажирање на целокупната домашна градежна оператива преку конзорциум, за логиката на поврзувањето на растот на платите со растот на економијата, за движењето на бруто домашниот производ и […]

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување […]

Казна од 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции, ЕК ја казни Грција

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем […]