Повисоките плати во администрацијата ја зголемија просечната нето плата за април

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14,7 […]

Високите температури во Франција ги „прегреваат“ нуклеарните електрани

Најавениот топлотен бран ќе ја покачи температурата на водата во реката Рона и ќе влијае на производството на електрична енергија во нуклеарните централи, особено во Бугеј, предупреди ЕДФ енергетскиот гигант во Франција. Овој викенд се очекува топлотен бран во Франција, според прогнозите на државниот хидрометеоролошки институт Meteo France, кој предупредува дека температурите на југ би […]

Голем интерес за добивање на златна виза за Унгарија

За една година, апликации за златна виза поднесоа околу двесте кандидати од Кина, Виетнам, Јужна Африка, Индија, Турција и неколку други азиски земји. Помина една година откако Унгарија ја започна програмата „Златна виза“, според која им нуди на богатите граѓани на земји надвор од ЕУ и ЕЕА дозвола за престој и безвизен пристап до Шенген […]

Речиси половина од граѓаните во Србија не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Стапката на ризик од трајна сиромаштија во Србијаво 2024 година е намалена на 11,6 проценти од 12,9 проценти во 2023 година. Во земјата 38 проценти од граѓаните живеат во домаќинства кои не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома. Околу 15 проценти од населението не можат да си дозволат месо или риба за […]

Европскиот начин на живот е загрозен ако не се зголеми продуктивноста, изјави шефицата на ММФ

Европа мора да го зголеми економскиот раст за да се справи со глобалните предизвици или ризикува да го изгуби својот начин на живот, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Во Европа, уживаме да бидеме „суперсила на животниот стил“. Ако не станеме попродуктивни, би можеле да ја изгубиме таа предност, изјави таа […]