Мицкоски со порака до јавните и државни службеници: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

„Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија. Честит празник за вашиот труд, за вашата посветеност, за вашата отпорност, понекогаш и во тешки и обесхрабрувачки услови“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод Меѓународниот ден на јавната администрација. Мицкоски […]

Енергетска ефикасност и заштеда на трошоци: Пронаоѓање на вистинскиот снабдувач со електрична енергија

Со правилен избор на снабдувач и практикување енергетски ефикасни навики, можно е да се намалат трошоците и до 30% годишно. Ова не само што значи директна заштеда, туку и одговорен пристап кон животната средина. Според најновите анализи, промената на снабдувачот може да донесе годишна заштеда од 10% до 30%, особено ако се избере модел кој […]

НБ: Нето надворешниот долг во првото тримесечје од 2025 година извесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП)

Народна банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на првиот квартал од 2025 година: На 31.3.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 28,4% од проектираниот БДП), и не бележи значителна – промена во однос на минатиот квартал. Од аспект […]

Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ

Македонското Собрание денеска ја усвои Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Согласно одлуката за членови се избрани Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од […]

Перишиќ: Во земјава имаме помалку од 400 пожарникари, немаме тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари

Во моментов во земјава имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800. Законот јасно вели дека на 1500 жители треба да има по еден пожарникар. Не постои тренинг центар за обука за новите и старите пожарникари. Дел од пожарникарите работат со стари […]

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства од сопствените извори на финансирање

Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите. Тој напомена дека централната власт работи на процесот […]

За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти

Гавдос нема инфраструктура, а ние немаме надлежност да управуваме со вакви случаи, вели градоначалничката на малиот грчки остров Гавдос Лилиан Стефанаки за првата програма на државното радио, говорејќи за зголемениот број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Доколку се анализираат официјалните податоци од крајбрежната служба на Грција, во периодот од 19 до 22 […]

Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност. Силен резултат […]

Германија ги зголемува воените трошоци на 3,5 проценти од БДП во 2029 година

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл презентирајќи ги плановите за трошење на владата, денеска вети дека неговата земја ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во 2029 година. Коалицијата на канцеларот Фридрих Мерц ги протурка плановите на парламентот за дозволување на повеќе воени трошоци со ублажување на строгите […]

Родот во медиумите во фокусот на вториот јавен состанок на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа вториот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, […]