ЕУ гарантира дека ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Гаранцијата за отпорност на мали и средни претпријатија за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, поддржува финансирање под поволни услови за кредитирање, придонесувајќи за раст на малите бизниси и зголемувајќи ја вработеноста и конкурентноста. Оваа иницијатива ја надополнува пошироката посветеност на ЕУ кон регионот во рамките на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, подобрувајќи […]

На пристаништето во Атина запленети 4,5 милиони евра и уапсени осум лица за царински измами

Осум лица се уапсени за царински измами на товар на ЕУ и запленети се 4,5 милиони евра во готово, во акцијата на грчката полиција што од вчера е во тек во царинската испостава на атинското пристаниште Пиреас, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, истрагата е по наредба од Канцеларијата […]

Средба на гувернерот Славески со амбасадорот Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток. Посебно внимание на […]

Речиси три четвртини од потрошувачката на струја се озбезбедува од домашни извори

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2025 година изнесува 338 832 МWh, што претставува 73.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика. Во април 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 460 185 МWh електрична енергија, 6.785 милиони nm3 природен гас, 305 848 тони јаглен и 101 241 тони […]

ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ СМЕТКИТЕ – НЛБ Банка АД Скопје исплати дивиденда

НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 25.06.2025 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2025 година. Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.217.142.356 МКД. Износот на бруто дивиденда […]

Кога спортот обединува: Македонија ја раскажува европската приказна преку ЕМОФ Скопје 2025

Од 20 до 26 јули, Скопје и Куманово ќе го добијат своето најголемо спортско, културно и младинско доживување досега – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе ги обедини младите спортисти од 50 различни европски делегации во духот на фер-плејот, пријателството и заедништвото. Овој исклучителен спортски настан не е само спортски натпревар […]

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ | ФИСНИК ОСЕКУ: Паметни човечки ресурси (Smart HR) – иднината на човечките ресурси и вештачката интелигенција

Во свет што се менува со невидена брзина, вештачката интелигенција (ВИ) веќе не е само иновација – таа е секојдневие кое ја редефинира работната реалност. Особено влијание има во областа на човечките ресурси каде што нејзината примена носи ветување за зголемена ефикасност, подобри одлуки и поусогласено искуство за вработените. Концептот „паметни човечки ресурси“ (Smart HR) […]

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во […]

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

„Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан и изјава беше токму од Клиничката болница во Штип“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на пратеничко прашање. Премиерот Мицкоски рече дека состојбата во здравството која ја затекнала била хаотична. […]

ИСТОРИСКА МИСИЈА: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС

Првпат во историјата, астронаути од Индија, Унгарија и Полска пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС), јави ДПА. Капсулата „Crew Dragon“, во која се наоѓаа тројцата астронаути заедно со поранешната американска астронаутка Пеги Витсон, денеска се спои со МВС во 10:31 GMT, соопшти НАСА. Лансирањето беше извршено од базата Кејп Канаверал во Флорида, со ракета „Falcon […]