ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 27.06.2025 изнесува 109,91 евра за мегават час, на МЕМО 104,66 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 27 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 109,91 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 104,66 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX […]
ЕМОФ Скопје 2025 ќе постави нови стандарди во преносот во живо на сите спортови и церемонии

Во рамките на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што од 20 до 26 јули ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек, сите спортски натпревари и свечени церемонии ќе бидат пренесувани во живо преку висококвалитетната SRT платформа. Сите возбудувања на спортските борилишта ќе можат да се следат во живо на Македонската радио-телевизија […]
Министерството за енергетика објави список на одобрени баратели за 2025 година – Финансиска поддршка за ранливи потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши проверката на сите пристигнати барања поднесени по Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица кои припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. На веб-страницата на Министерството https://energy.gov.mk објавен е списокот на сите одобрени баратели: линк –Известување за објавување на список […]
Нова инвестиција во Штип за производство на батерии и вработувања за 150 лица, најави премиерот Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави: „Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до […]
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура

Управата за јавни приходи (УЈП) ја претстави националната платформа за електронско фактурирање – Е-Фактура, која најавува суштинска трансформација на даночниот систем во Република Северна Македонија. Преку овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со цел зголемување на транспарентноста, дисциплината и довербата во фискалниот систем. Како што беше соопштено на […]
САД и Кина потврдија дека потпишале договор за крај на трговската војна

САД и Кина соопштија дека постигнале договор со кој се става крај на трговската војна меѓу двете земји, но спогодбата не ги решава сите отворени прашања во билатералната трговија. Договорот, потпишан пред два дена, се темели на рамковните спогодби постигнати во Женева во мај, соопштија официјални лица од двете страни. Американскиот министер за трговија Хауард […]
Ердоган: Турција инвестираше 300 милијарди долари во транспортната инфраструктура

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција инвестирала 300 милијарди долари во транспортни проекти, што ја прави земјата клучен геостратегиски центар. Говорејќи на Глобалниот форум за транспортна поврзаност што се одржува во Истанбул, Ердоган прецизираше дека од вкупните инвестиции, 177 милијарди долари се вложени во патниот сообраќај, 64 милијарди во железничката инфраструктура, 25 милијарди […]