Скопјани денеска и утре под посебен сообраќаен режим

Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан. – СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за […]
Цените на нафтата нагло се намалија

Цената на нафтата на светските берзи минатата недека се намалија за повеќе од 11 проценти, бидејќи стивнаа стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток откако беше постигнат договор за примирје меѓу Израел и Иран. Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот […]
Проширувањето на ЕУ ќе зависи и од самите земји, Данска ќе се посвети на „Силна Европа во светот што се менува“

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. – ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и […]
Славески се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел. На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната […]
КОРЕКЦИЈА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ПО РАБОТЕН ЧАС ВО ГЕРМАНИЈА

Минималната плата во Германија треба да се зголеми со две корекции на 14,60 евра на час до 1 јануари 2027 година. На почетокот на следната година, надоместокот за еден час работа ќе изнесува 13,90 евра, според планот на Комисијата за минимална плата. Моментално, минималната плата за еден час работа во Германија изнесува 12,82 евра. Компромисот […]
Зошто Samsung S25 Ultra е врвен уред за секого?

Galaxy S25 Ultra донесува иднина на технологијата во вашите раце. Galaxy S25 Ultra ги води корисниците во иднината на мобилната технологија. Овој флегшип смартфон на Samsung ги обединува забава, работа и секојдневна комуникација на сосема ново ниво. Естетски беспрекорен и исполнет со напредни AI функции, Galaxy S25 Ultra нуди искуство без преседан за корисниците од […]
Светските берзи во пораст, Волстрит на ново рекордно ниво

Американскиот берзански пазар ја забележа својата најдобра недела од средината на мај, откако геополитичките ризици се намалија, а Кина и САД се приближија кон постигнување конечен трговски договор. Минатата недела индексот S&P 500 порасна за 3,4 проценти и достигна рекордно високо ниво на затворањето во петокот. Индексот на технолошки акции скокна за 4,3 проценти и […]
Од утре ако ве затекнат во шума казнa до 2.000 евра, почнува забраната за движење во шумите

Од утре (1 јули) ќе стапи во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат […]
ЕДС промовира нов концепт во работењето: Корисниците во фокусот на работењето

Во време на зголемена потреба за енергетска ефикасност, одржливост и предвидливост на трошоците, ЕДС го редефинира својот пристап кон клиентите преку новиот концепт „ЕДС како енергетски партнер“. Овој стратешки правец означува отстапување од традиционалниот модел на снабдување со електрична енергија и насочување кон градење долгорочни партнерства базирани на доверба, флексибилност и заеднички развој. „Нашата цел […]
ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА ПОЖАРИ: Шест пожари за еден ден во кумановско

Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. […]