Фаворитот на Трамп за нов претседател на ФЕД бара „превентивно“ намалување на каматните стапки

Високиот функционер на Федералните резерви на САД (ФЕД), Кристофер Волер, повторно повика на намалување на каматните стапки на крајот на јули, и покрај стабилните економски индикатори и противењето на другите членови на ФЕД кои веруваат дека е прерано за тоа. Волер, кој беше назначен во ФЕД од страна на американскиот претседател Доналд Трамп во 2020 […]
Од денеска важат новите такси за патувањето со крузери во Грција

По 20 евра на Миконос и Санторини и пет евра на останатите грчки пристаништа, од денеска ќе плаќаат туристите, кои со крузери ќе пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска стапува во сила новата такса за крузерите изгласана минатата година, а со која се предвидува дека секој патник, кој е на крстарење […]
Резултатите на големите банки ги зголемија индексите на светските берзи

Американските акции остварија солидна пазарна вредност минатата недела, што се должи на најголемите американски банки кои објавија подобри резултати од очекуваните, додека извештајот за инфлацијата во САД не донесе никакви непријатни изненадувања. Индексот S&P 500 порасна за 0,6 проценти и ја затвори неделата близу до нивото од 6.300 поени, додека индексот на технолошки акции Nasdaq […]
ИНТЕРВЈУ | ТОМАС ЕСТРАНИ: Основните вредности, како фокусот на клиентите, одржливоста и иновациите, секогаш ќе останат важни

По позитивното прифаќање на трите продавници во Скопје, H&M ја отвори својата четврта локација во Северна Македонија, овојпат во Palma Mall во Тетово. Ова проширување одбележува уште еден значаен момент во континуираниот раст на компанијата во Југоисточна Европа, зајакнувајќи ја присутноста на H&M во регионот. Зад оваа амбициозна експанзија стои Томас Естрани, Менаџер за продажба […]
Томас Естрани (H&M): Модата мора да биде и достапна и одговорна

H&M ја зајакнува својата позиција во Северна Македонија со отворање на нова продавница во Тетово. Во интервју за Економија и бизнис, Томас Естрани – менаџер за продажба на H&M за девет пазари во регионот – зборува за стратегијата зад ова проширување и за иднината на модната индустрија во Југоисточна Европа. Отворањето на четвртата продавница на […]
Донесени решенија за финансиска поддршка на ранливи категории

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, продолжува со имплементација на мерките за директна финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, со цел намалување на трошоците за потрошена електрична енергија. Овие мерки се насочени кон унапредување на животниот стандард на домаќинствата со деца со попреченост, како и на семејствата згрижувачи. Ве информираме дека Министерството донесe Решенија […]
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ | ИДА ПРОТУГЕР: Мајндсетот и неговото влијание врз растот на организациите

Мајндсет е ментален образец што претставува збир на ставови кои ги обликуваат нашето размислување, доживување и однесување.Генерално во системите како организации или компании се разликуваат два главни ментални обрасци:• насочен кон недостатоци (deficit-oriented mindset)• насочен кон решенија и развој (Solution-oriented mindset).Луѓето со мајндсет насочен кон дефицити најчесто се фокусираат на проблемите, на ограничувањата, на изговорите […]
Народна банка: Граѓаните помалку се задолжувале за автомобили, висок раст на кредитите во корпоративниот сектор

Вкупните депозити на годишно ниво бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства”. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор. Монетарни движења во Република Северна Македонија: јуни 2025 година ‒ […]
Синдикална минимална кошница за јули поскапа за 630 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на […]
Пониски цени на бензините од полноќ, дизелот со иста цена

Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Мотор-ен […]