Италија се соочува со пад на БДП поради американските царини

Американските царини од 30 проценти за стоки од Европската Унија би можеле да го намалат италијанскиот БДП за 0,8 проценти во 2027 година, предупреди здружението Конфиндустрија. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 30 проценти за увоз од ЕУ на 1 август, предупредувајќи на „цврстата“ позиција на Брисел во трговските разговори. […]