На глобално ниво просечните приходи не се доволни за покривање на трошоците за домување

Податоците на Европската статистичка агенција – Евростат покажуваат дека кириите за изнајмување станови и куќи во Европа во периодот јуни 2020 – јуни 2025 просечно пораснале за 12,5 отсто, но според извештај на германската „Дојче Банк“ тој раст во градските центри бил значително поголем од овој просек. Во извештајот на „Дојче Банк“, во кој се […]
ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНСКИ ПРОМЕНИ: зајакнување на доларот и берзанските индекси во пад

Индексите на берзите во светот нагло паднаа кон крајот на јули, бидејќи инвеститорите беа внимателни во тргувањето откако Вашингтон воведе високи тарифи за увоз од земји со кои не е постигнат трговски договор до 1 август. На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс се намали за 2,9 проценти минатата недела на 43.588 поени, додека S&P 500 […]
НЕКОЛКУ ДЕНА ПО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС, по 600 години за прв пат еруптира вулкан на Камчатка

Првата ерупција на вулканот Крашениников по 600 години е регистрирана во источниот дел на рускиот полуостров Камчатка, а се очекува северниот кратер на вулканот да се прошири, изјави Олга Гирина, раководител на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка. – Ова е прва ерупција на вулканот Крашениников по 600 години, изјави Гирина. Претходно, Главната […]
Во Битола гостува Армин Ван Бјурен, апели да не се користат возила кон стадионот

На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола вечерва во рамки на културното лето „БитФест“ гостува светски познатата ѕвезда Армин Ван Бјурен. Од СВР Битола во пресрет на вечерашниот и еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на Битола, упатуваат апел до возачите да не ги користат своите возила. Во соопштение за јавност, од СВР […]
ГЛОБАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЦЕНИ, намалена побарувачка на струја во ЕУ поради послабата европска индустрија

Глобалната побарувачка за електрична енергија малку ќе се забави оваа година, а Европската Унија ќе го следи примерот поради слабата индустрија, проценуваат во Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Глобалната побарувачка за електрична енергија ќе порасне за 3,3 проценти во 2025 година и за 3,7 проценти во 2026 година, пресмета агенцијата за енергетско советување на Организацијата […]
РАСТОТ НА ЕУ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Е НАД ОЧЕКУВАЊАТА!

Растот на БДП на Европската Унија во вториот квартал изнесуваше 0,2 проценти во споредба со првиот квартал, што беше повисоко од очекуваното. „Во првиот квартал, извозот во САД нагло се зголеми во очекување на повисоки тарифи и растот на БДП беше 0,5 проценти. Затоа уште еден економски раст од 0,2 проценти е позитивно изненадување, изјави […]
СТРАНЦИТЕ КУПУВААТ ИМОТИ ВО АЛБАНИЈА, за еден квартал остварeни инвестиции од 360 милиони евра

Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора. „Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во […]
Дојранското Езеро повторно под закана од еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да […]
ОПЕК+ го зголемува производството на нафта од септември!

Земјите од ОПЕК+ постигнале прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта за 548.000 барели дневно од септември, соопштија денес три извори. Конечната одлука се очекува на виртуелниот состанок закажан за денес, бидејќи САД го зголемуваат притисокот врз Индија да престане да купува руска нафта како дел од напорите на Вашингтон да ја натера Москва […]
ПОНИСКИ БАНКАРСКИ МАРЖИ ЗА ГРАЃАНИТЕ СО ПОНИСКИ ПРИХОДИ, најавува гувернерката на Народна банка на Србија

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека НБС спроведува дополнителни анализи, чиј резултат треба да биде предлог за конкретни решенија насочени кон намалување на маржите на банките. „Во оваа смисла, ќе продолжиме да преземаме активности со цел да ги пронајдеме најдобрите решенија за намалување на каматните стапки, односно маржите на кредитите, и […]