Без струја неколку скопски општини

Неколку скопски општини претпладнево ќе останат без електрична енергија, информира РЦУК – Скопје. Струја нема да имаат од 08:00 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Долно Соње (Општина Сопиште), од 08:00 до 15:00 часот корисниците од објектите во околината на Ресторан – Братски Мерак, Општина Кисела Вода, од 08:15 до 12:00 часот корисниците […]
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11

Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка […]
Австралија избра јапонска компанија за изградба на нови воени бродови

Австралиската влада објави дека ја избрала „Мицубиши хеви индустрис“ (МХИ) за изградба на својата нова флота воени бродови, при што јапонската компанија ја победила германската „Тисенкруп Марин Системс“ во трката за договорот вреден повеќе милијарди долари. -По ригорозен и конкурентен процес на лицитирање, фрегатата од класата Могами на „Мицубиши хеви индустрис“ беше оценета како најспособна […]
Цените на производите во грчките супермаркети повисоки за 1,84 отсто споредбено со лани

За 1,84 отсто се зголемиле цените на производите во грчките супермаркети во јули годинава споредбено со истиот месец лани, а за една година, најголемо зголемување има на цените на свежото месо, а најголемо намалување кај детергентите и средствата за чистење, покажуваат резултатите од истражувањето на грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка […]
Јапонија регистрира рекордно високи температури, стравувањата растат за реколтата на ориз

Јапонија денеска ја регистрираше својата највисока температура досега, 41,8 степени Целзиусови. Владата им советуваше на луѓето да останат во затворен простор и вети дека ќе се обиде да ги ограничи штетите врз жетвата на ориз зависна од временските услови. Источниот град Исесаки, во префектурата Гунма, го постави рекордот, надминувајќи го претходниот врв од 41,2 степени […]
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, […]
Царинска управа: разоткриена мрежа на шверц на цигари – против пет сторители поднесена кривична пријава

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска […]
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките

Земјата денеска бележи еден од најкратките денови откако постојат прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе биде завршена 1,25 милисекунди пред вообичаеното време. Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година. Според научниците кои го следат движењето на Земјата со помош на атомски часовници, […]
Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година споредено со истиот период од претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 249 072.3 милиони денари и бележи пораст од 2.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611.4 милиони денари, што е за […]
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти […]