Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско […]
УЈП: ТРИЕСЕТ ОТСТО ОД КОНТРОЛИРАНИТЕ СУБЈЕКТИ СЕ СО НЕПРАВИЛНОСТИ, ЗАТВОРЕНИ ЧЕТИРИ СУБЈЕКТИ

Во периодот од 28 јули до 03 август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите […]
Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW

Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – […]
ОТВОРЕН ТРЕТИОТ ПОВИК НА ФОНДОТ ЗА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ќе се изработуваат проекти од областа на животната средина

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамките на Фондот за техничка документација (ФТД) го отвори Третиот повик за поддршка во изработката на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти од областа на животната средина. Фондот за техничка документацијапретставува инструмент за финансиска и техничка поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти на локално, меѓуопштинско и регионално […]
Затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп-Градско

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Велес-Градско, информира АМСМ. Патот е затворен од 15:30 часот.
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот

Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата. Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари. Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото […]
Мали грчки острови размислуваат за можноста да воведат туристичка такса за еднодневните посети

Малите грчки острови Пакси и Итака во Јонското море, размислуваат за можноста да побараат воведување специјална такса за еднодневни посети на туристите поради прекумерниот туризам, следејќи го примерот на островот Сими, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Сими, малиот остров во непосредна близина на Родос и на турското крајбрежје, […]
Swiss Re: Економските загуби од природни катастрофи во првата половина од годината изнесуваа 135 милијарди долари

Се очекува економските загуби предизвикани од природни катастрофи да достигнат 135 милијарди долари во првите шест месеци од годината, при што пожарите во Лос Анџелес ги зголемија трошоците за осигурителите, според првичната проценка на Swiss Re. Тоа е повисоко од првата половина на 2024 година, кога загубите беа проценети на околу 123 милијарди долари, при […]
За Србија од ЕУ фондови 325,2 милиони евра, од кои 240 милиони се бесповратни средства

Договорот за финансирање на повеќегодишната оперативна програма за секторите животна средина и енергетика во вредност од 325,2 милиони евра, потпишан од Србија и Европската унија, предвидува 240 милиони евра грантови од фондовите за пристапување кон ЕУ, соопшти денеска српското Министерство за европски интеграции. Повеќегодишната оперативна програма за животна средина и енергетика ќе ја управуваат српските […]
Албанската влада ќе вложи над 57 милиони евра во технологија за дигитална трансформација на образованието

Владата на Албанија има за цел да ја подобри технолошката инфраструктура во училиштата до 2030 година, за што предвидува да вложи 5,5 милијарди леки (над 57 милиони евра).За таа цел Министерството за образование и спорт го достави на јавна консултација нацрт-документот за дигитализација на високото и пред универзитетското образование во следните 5 години, како фундаментален […]