Високо ниво на суша во речиси цела Грција

Со исклучок на неколку области во северниот и централниот дел на земјата и регионот Тесалија, Грција е во услови на суша на различни нивоа по високите температури и ниските врнежи од дожд во текот на минатиот месец, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, во однос на индексот на суша во земјата, јави дописничката […]

Кинескиот извоз во јули порасна за 7,2 отсто и покрај тековните трговски тензии со САД

Кинескиот извоз во јули порасна за 7,2 отсто на годишно ниво, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите во услови на постојани глобални трговски тензии, покажаа денеска податоците од кинеската царина. Увозот, исто така, се зголеми за 4,1 проценти, што е повеќе од очекуваното. Сепак, трговските текови варираа во зависност од регионот. Извозот во Соединетите Американски Држави […]

Трамп вели дека планира 100 проценти царина на чиповите, Епл ќе инвестира уште 100 милијарди долари во американското производство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 100 посто царина на компјутерските чипови, што веројатно ќе ја зголеми цената на електрониката, автомобилите, домашните апарати и другите стоки што се сметаат за неопходни во дигиталното доба. -Ќе воведеме царина од приближно 100 проценти на чипови и полупроводници, рече Трамп во Овалната соба за време на […]

Прогресив Академија ја отвора новата ера на лидерство со Бранко Азески

Бранко Азески, долгогодишен претседател на Стопанската комора е назначен за претседател на Одборот на директори на Прогресив Академијата за претприемништво и менаџмент, информира Камелија Апостолова Бојаџиска, менаџер за комуникации во Академијата. -Негово назначување претставува значаен момент во развојот на Академијата, која продолжува да биде водечка платформа за образование и развој на претприемачки и менаџерски капацитети, […]

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави

Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење. При контрола на багажот и личен претрес, кај […]

Санкционирани 46 возачи на електрични тротинети

Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи вчера, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), а во помала мера и по основ на Законот за возила. Како што информира МВР, по основ […]

ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“

Нефункционални објекти и реквизити, затворен Aква парк, неизвесност околу иднината на соларниот систем и пропуштени можности за дополнителни приходи, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година. -Со ревизијата е утврдено дека друштвото во 2023 година остварило приходи од закупнини […]

Во Грција регистрирани вкупно 26 случаи на вирусот Западен Нил

Во Грција се потврдени вкупно 26 случаи на вирусот Западен Нил, а девет од нив се регистрирани во текот на минатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во неделниот извештај од ЕОДИ соопштија дека 23 од 26 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис […]

ОД СТУДЕНТИ ДО ЛУЃЕ ШТО БАРААТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА: Како доставувачите на Wolt ги балансираат пријателствата и дополнителната заработувачка

Во брзиот ритам на Скопје, сè повеќе луѓе бараат начини да најдат баланс помеѓу стабилна заработувачка и флексибилен распоред. За Андреј В., хонорарен партнер доставувач на Wolt, токму таа комбинација претставува формула за успех и лична исполнетост. „Со Wolt се запознав преку пријатели кои веќе работеа за компанијата надвор од Македонија. Споделија одлични искуства, од […]

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески. Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од […]