Министерот Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари. Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста […]

Славески: Правичен однос кон граѓаните и фирмите во платниот промет е минимумот што го очекуваме

„Банките се чувари на нашите плати, пензии, примањата по други основи, како и на нашите заштеди. Воедно, ние сме и нивни кредитори,“ порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа „X”. Тој посочи дека банките, позајмувајќи средства од граѓаните и претпријатијата – најчесто со нула или минимален трошок – обезбедуваат значителен […]

Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10 отсто во трговијата на големо и 15 проценти во трговијата на мало. Како што соопшти Дурмиши […]

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ | ДРАГАН ТИЛЕВ: Немаме време за (нови) грешки

Живееме во време на неизвесност, кога историјата се пишува со црни букви, а судбините на малите држави и на народите, каква што е Македонија, се обликуваат од геополитичките интереси на големите сили, речиси целосно надвор од досегот на нашата моќ. Во овие времиња на брзи промени, а тие се секојдневни, не смееме да си дозволиме […]

Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава […]

Македонија повторно е на историска крстосница

Македонија е на нова историска крстосница и нема време за нови грешки. Спорот со Бугарија, пропуштените шанси и слабата дипломатија нè чинат скапо. Потребна е обединета офанзива за ЕУ и заштита на националните интереси – сега, пред да стане предоцна. Целата колумна на Драган Тилев од печатенотo издание на Економија и бизнис, можете да ја […]

Велика Британија на 8 октомври ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, соопшти денеска британската Влада. Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и е дел од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и […]

Годишната инфлација во Грција во јули зголемена на 3,1 отсто

Годишната инфлација во Грција минатиот месец минимално се зголемила на 3,1 отсто, согласно официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а за една година, над 10 проценти се поскапи цените на овошјето, кафето, кириите и струјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од јули 2024 до јули 2025 година, најголемо зголемување, за 19,3 проценти бележи […]

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството за здравство за МИА. -Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана […]

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај […]