Трамп ја номинираше Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека ја номинирал портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во Обединетите нации. „Со задоволство објавувам дека ја номинирам Тами Брус, голема патриотка, телевизиска личност и авторка на бестселери, за наш нов заменик-претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, со ранг на амбасадор“, напиша Трамп […]
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини, на ГП Табановце за влез се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања […]
ФИЛОЗОФИЈА | СВЕТЛАНА ПОП-ДУЧЕВА: Хана Арент и Мартин Хајдегер

Во светот на философијата, љубовта меѓу Хана Арент и Мартин Хајдегер е позната како „необична врска“ во која се испреплетуваат нишки на страст, интелектуална фасцинација, контроверзни политички погледи, различни идеолошки заднини, социјален статус, младост наспроти зрелост итн. Сепак, и двајцата философи, иако различни по природа, биле поврзани во длабока интимна и мисловна релација која траела […]
Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума. Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита […]
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август. Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето […]
Анкета: Мнозинството Германци се незадоволни од работењето на Владата

Мнозинство германски граѓани се незадоволни од работењето на конзервативната влада на канцеларот Фридрих Мерц, која наскоро ќе наврши 100 дена откако е избрана, објави ДПА, повикувајќи се на резултати од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење ИНСА за неделното издание на „Билд“. Според резултатите 60 отсто од анкетираните се незадоволни од работењето на […]
Трипуновски: Вистинските мерки вродија со плод, имаме над 280.000 тони домашна пченица од кои 9.000 тони ќе се откупат за стоковните резерви

„Оваа година за разлика од минатата имаме зголемување од 2% во делот на површините кои беа засеани со пченица во 2025 година. Согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, бележиме сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа година над 4 тони по хектар”, […]
Нето добивката на банките во Србија во првата половина од годината изнесуваше 775 милиони евра

Комерцијалните банки во Србија оствариле профит од 90,7 милијарди динари, или 775 милиони евра, во првата половина од 2025 година, објави „Данас“.Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти.Билансите на банките објавени од Народната банка на Србија покажуваат дека доколку банките што работат […]
ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, […]
Албанија ќе доделува 50% грант за земјоделците за механизација и модернизација на работните процеси

Албанските земјоделци со земјоделски и сточарски фарми сега можат да добијат грантови што покриваат до 50 проценти од трошоците за нивната механизација и модернизација во рамките на Националната инвестициска шема за 2025 година, објави на Фејсбук, министерката за земјоделство на Албанија, Анила Денај. Според министерката Програмата има за цел да ги намали трошоците за производство […]