Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан […]

ЦУК: Два активни пожари, во „Јасен“ и во струмичко Сарај

До 12:00 часот на територија на цела држава има три пожари на отворен простор, од кои два се активни. Активни пожари има во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, на територија на општина Македонски Брод и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола […]

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Петровец, каде имаше увид во изведбата на повеќе општински проекти. „После долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9% зголемен во првите 6 месеци споредено […]

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде […]

Евростат: 99 проценти од младите во Албанија онлајн, но немаат дигитални вештини

Податоците на Евростат покажуваат дека во Албанија над 99 проценти од младите, на возраст од 16 до 29 години, користат интернет секој ден, што е два посто повеќе од европската млада популација (97 отсто), објавија албанските медиуми. Во сите земји од ЕУ, вклучително и Албанија, младите луѓе имале значително поголема веројатност да учествуваат во активности […]

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција

Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, […]

ДКСК со укажувања за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел навремено и транспарентно информирање на сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес како и јавноста за законитоста на користењето и располагањето со буџетските средства, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Изборниот законик денеска испрати укажување на следните состојби за […]

Викторија Трајков: Европските фондови се одлична можност за побрз развој на општините

Министерството за европски прашања е подготвено да помогне во процесот на аплицирање за поголема искористеност на европските фондови со цел да се овозможи забрзан развој на општините. Ова е клучната порака од денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. На средбата се дискутираше за степенот на […]

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34 […]

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар во јуни годинава се зголемени за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, а за 5,3 отсто во однос на истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за ститистика, во споредба со мај 2025 година продажните цени се зголемени во секторот […]