КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА, зголемен медицински тим, современи практики и хумана грижа за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите. На настанот присуствуваа директорот на Клиниката, хирург – урологот и научен соработник д-р Башким Шабани, претседателот на Владата, Христијан […]

Топлотен бран ја зафати Европа: Пожари беснеат од Шпанија до Балканот

Европа се соочува со серија пожари предизвикани од екстремниот топлотен бран што ги зафати Пиринејскиот Полуостров и балканските земји. Во Шпанија, дел од туристичката област Лас Медулас, светско наследство на УНЕСКО, е уништен од пожари. Топлотниот бран предизвика издавање на предупредувања за високи температури во Франција, Италија и Албанија. Во Бордо, Франција, денеска е регистрирана […]

МЕМО издаде 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија

Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи […]

УЈП со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор

Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, […]

ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Оттаму наведуваат дека енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно […]

Стипендии за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Македонија2025 доделува стипендии за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сакаш да студираш на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, имаш одличен успех, но ти е потребна финансиска поддршка? Ова е твојата шанса! Не чекај! Направи го првиот чекор кон сигурна и успешна иднина и стани дел од заедницата на 139 […]

МФ: Од денеска исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува […]

Фајненшал тајмс: Одбранбената индустрија на ЕУ се шири со рекордно темпо

Европските фабрики за оружје се шират трипати побрзо од нивното мирновременско темпо. Новите индустриски области покриваат повеќе од 7 милиони квадратни метри, што го доведува вооружувањето до историски размери, наведува во анализа „Фајненшл тајмс“ според сателитски податоци од 150 локации на 37 одбранбени компании. Градежната активност во европската одбранбена индустрија се мобилизира по целосната инвазија […]

Српски Завод за статистика: За една година овошјето поскапе за 81,4 отсто

Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика. Растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 проценти и овошјето – 81,4 проценти. Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба […]

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува – успешно изгасната една линија, теренот останува критичен

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. -Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно […]