Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација. Од претпријатието апелираат граѓаните да ја користат водата за готвење само по претходно превривање. Од „Комуналец“ посочуваат дека се преземени сите потребни мерки за технолошки третман и […]

Исплатени средствата за добитниците од претходната програма за субвенции

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции. Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и […]

Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу. -Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари […]

Украина добива заем од 500 милиони евра од ЕБРД за итни набавки на гас

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ѝ додели заем од 500 милиони евра на украинската државна гасна компанија Нафтогас (NAK) за финансирање итни набавки на гас, со цел зајакнување на енергетската безбедност на земјата, која оваа година е сериозно нарушена од повторените насочени руски напади. Ова е најголемиот единечен заем што Банката го […]

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование, фокусот на квалитет и инклузивност

Владата на Република Северна Македонија усвои нова методологија за финансирање на основното и средното образование, која од 1 јануари 2026 година ќе овозможи распределба на средства според реалната цена на образованието по ученик. Новата формула предвидува праведна распределба на средства за основно и средно образование, со посебна поддршка за ученици со посебни потреби, наставата на […]

Лимани: Конечно го одблокиравме процесот на полагање стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска во изјава за медиуми го најави започнувањето на полагањето за стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи, процес кој беше во застој од 2023 година. Во своето обраќање пред медиумите тој истакна дека лиценцата за работа за воспитувачи, негувателки, стручни работници, соработници […]

Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и претседателка на […]

Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите

Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се наоѓаме во ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде. Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина има огромни […]

Нов пораз на македонските кошаркари – повторно поразени од Романија

Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66 (26:19; 19:15; 14:15 и 20:17). Ова за македонскиот национален тим беше трет пораз во истотолку натпревари. Во текот на првото полувреме противникот беше во постојано водство, кое на полувреме изнесуваше 45:34. На почетокот на вториот […]

Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

Пожарот во Ловиштето „Јасен“ е најкритичен, беснее неколку дена, горат борови. Исклучително е тежок теренот. Нè чека тешка и ризична задача, но јас сум оптимист, работиме барем да го забавиме ширењето на огнот, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој објасни зошто е […]