Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време, над 15 литри на метар квадратен, и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до […]

Ристовски: Одбојкарите ќе добијат три милиони денари за пласманот на ЕП

Министерот за спорт Борко Ристовски кој го следеше синоќешниот натпревар на македонската репрезентација против Грузија, по победата им честите на нашите одбојкари и ги награди со премија. – Ви благодариме за се што правите за Македонија, некои подолго, некои сега почнуваат. Ние како министерство секогаш ќе стоиме зад успешни федерации, зад успешни приказни во спортот. […]

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат […]

Платите на директорите на најголемите компании се за 122 пати повисоки од платите на британските работници

Вредноста на годишната плата за извршните директори на компаниите од FTSE 100 достигна рекордно високо ниво трета година по ред. Просечната плата на извршниот директор во 100-те најголеми компании со кои се тргува на Лондонската берза е 4,6 милиони фунти (6,2 милиони долари), покажува истражувањето на High Pay Centre. Просечната плата на извршниот директор сега […]

НЕДОСТИГОТ ОД РАБОТНИЦИ ГО КОЧИ РАЗВОЈОТ НА ОБНОВЛИВАТА ЕНЕРГИЈА!

Понатамошниот развој на сончевата и ветерната енергија е попречен од бројни фактори, како што се: жестока конкуренција за ретки соодветни локации, преоптоварени глобални синџири на снабдување, комплицирани и бавни процедури за добивање дозволи, како и сериозен недостаток на квалификуван персонал. На глобално ниво недостатокот на работна сила во обновливите извори на енергија се зголемува со […]

Преговори за ново зголемување на минимална плата од 550 евра во Србија

Социјално-економскиот совет (СЕС) објави дека денес ќе се одржи првиот состанок на преговарачкиот тим за утврдување на минималната цена на трудот во Србија за 2026 година. Минималната месечна плата во Србија моментално изнесува 53.592 динари, а според одлуката на СЕС, од 15 јули таа ќе биде вонредно зголемена од 1 октомври, за 9,4 проценти, од […]

ПОНИСКИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,43%, објави Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит. Малопродажните цени […]

Трамп најавува нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека ќе воведе нови царини за челик, полупроводници и компјутерски чипови во следните неколку недели, без да прецизира која царинска стапка ќе се применува за тие производи. „Следната недела и неделата потоа, ќе воведам царини за челик и за чипови“, изјави Трамп за новинарите во петокот пред средбата […]

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се […]

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во обраќањето на одбележување на Денот на Армијата – 18 Август во касарната во Штип, говорејќи за вложувањата во Армијата и за зголемувањето на трошоците во рамки на НАТО, истакна дека во Штип би можел да се изгради хибриден модел на клинички центар на Алијансата, со што би се постигнала самоодржливост […]